Кинескиот авто-пазар има најголем пораст во светот, најголем дел од продадените возила се електрични, а најпродаваните се од кинески брендови, со што Кина ги остава далеку зад себе повеќето етаблирани светски брендови. Брендовите произведени во Кина сега водат во клучните сегменти, а нивниот подем е поттикнат од новите модели со електричен погон кои добиваат удел на пазарот дома и во странство.
Најголем победник е брендот BYD, чијашто продажба во Кина е зголемена за речиси 69% оваа година, што му дава удел од 11% од вкупниот пазар на автомобили, повеќе од Volkswagen или Toyota, според анализата на податоците за продажбата. BYD на годинешниот светски саем на автомобили во Шангај кој почнува денес, ќе го претстави своето ново хечбек електрично возило (EV) за купувачи кои бараат вредност и поскапо EV стилизирано како SUV.
На саемот во Шангај ќе се сретнат сите клучни претставници на светската автомобилска индустрија. Тие во Кина ќе се вратат на радикално поинаков пазар од оној што го напуштија во 2021 година кога индустријата значително се контрахираше, работејќи под строгите контроли и ограничувања на Ковид-19.
„Станува јасно раслојување на овој пазар во јасни победници и губитници“, рече Бил Русо, основач на консултантската компанија Automobility во белешката објавена во вторникот. „И има многу малку победници и многу губитници“.
Продажбата на патнички автомобили во Кина е намалена за 13% во првиот квартал, покажуваат податоците од Кинеската асоцијација за патнички автомобили. Но, продажбата на ЕВ и plug-in хибриди – област каде што сега доминираат кинеските производители на автомобили предводени од BYD – се зголеми за 22%. Продажбата на возила со внатрешно согорување е намалена со речиси еднаква разлика.
Резултатот беше двоен удар за компаниите како Фолксваген, Џенерал Моторс, Хонда и Нисан. Продажбата е намалена, а исто така и уделот на пазарот.
Повеќе од 40 автомобилски марки го следеа Tesla во намалувањето на цените на електричните возила од јануари во ценовната војна што ја поддржа продажбата на ЕВ и хибридни електрични возила (PHEV), и двете се класифицирани како „возила со нова енергија“ во Кина. Тоа, исто така, ја намали профитабилноста на целата индустрија, велат аналитичарите.
BYD доминира на кинескиот пазар за plug-in хибриди, автомобили кои имаат мотор со согорување, но се способни да се полнат и да работат на пократки растојанија со електрична енергија. Plug-in возилата претставуваат повеќе од половина од продажбата на BYD оваа година, давајќи ѝ на компанијата скала да се натпреварува по цена во целата линија, велат аналитичарите.
Tesla забележа зголемување од 27% во кинеската продажба во првиот квартал на нешто повеќе од 137.000 од нејзините седани Model 3 и кросовери Model Y. Тесла исто така го зголеми уделот по намалувањето на цените во Кина за помеѓу 6% и речиси 14% во јануари. Тоа ги стави почетните цени на Tesla возилата во Кина помеѓу 7.500 и околу 10.700 долари пониски од сегашните цени во САД, кои исто така се намалени.
Аналитичарите и инвеститорите ќе се фокусираат на тоа што значи тоа за маржите кога Tesla ќе ги објави резултатите за првиот квартал во среда. „Стекнувањето дополнително учество на клучниот кинески пазар ќе бидат срцето и белите дробови на приказната за растот на Тесла“, рече аналитичарот на Ведбуш, Даниел Ајвс во белешката во понеделникот.
Како дополнителна закана за етаблираните брендови, извозот на Кина расте брзо, предводен од EV и PHEV. Извозот од Кина ширум индустријата е зголемен за 83% минатиот квартал во однос на претходната година. BYD, кој ги продава своите автомобили во Европа и Југоисточна Азија, имаше 13-кратно зголемување на извозот од Кина.