Стопанската комора на Северна Македонија достави мислење до Владата и до Министерството за труд и социјална политика за работната верзија на законот за работни одноди со коментари и конкретни предлози напишани на 47 страници. Нацртот на Предлог-законот се наоча на јавна расправа, која треба да трае до утре (15-ти февруари), но ако има потреба, од Министерството за труд најавија и продолжување на рокот.
– Ние многу јавно и транспарентно ќе говориме за новиот закон за работни односи во периодот што претстои. Важечкиот Закон за работни односи во изминатите години често се менуваше. Беше донесен на 28 јули 2005 година, кога министер за труд беше Стевчо Јакимовски, и од тогаш до денес е менуван дури 26 пати. Има уште 13 одлуки на Уставен суд со кои се укинати некои членови од Законот. Така што создадени се сите услови за ново законско решение – велат од Стопанската комора.
Оттамупотенцираат дека целта на работодавачите е да ги задржат и дообучат своите квалитетни работници, како и да придонесат за подобрување на нивниот личен живот.
– Неопходен ни е закон кој односите меѓу работниците и работодавачите нема да ги гледа низ призмата на спротивставени страни, туку на партнери кои заеднички делуваат кон остварување на своите интереси Интересите на работодавачите се зголемување на продуктивност на работниците, поголема конкурентност и профитабилност на компаниите. Интересите на работниците се соодветно валоризирање на сработеното и остварување повисоки примања. Во тој контекст, новиот закон за работни односи треба да биде прилагоден на модерните и идните текови на пазарот на труд и да придонесе за подобрување на генералните состојби во стопанството и во државата – велат од Стопанската комора.
Во име на работниците пак, свои забелешки, и тоа околоу 40, даде Сојузот на синдикатите. Како една од клучните забелешки што ги истакнуват тие се однесува на времетраењето за работа на определено време. Во зегашното законско решение, тој е рок е 5 години, во новото се предлага две, а работодавачаите бараат тоа да биде една година. Замерки има околу колективните договори кои во иднина би требале да се склучуваат на период од две години.
Министерката за труд Јованка Тренчевска во повеќе наврати најави дека ова е закон за унапредување на работничките права и дека че се прифатат конструктивните забелешки.