
Новото задолжување од 300 милиони евра, според универзитетскиот професор и поранешен министер за финансии Никола Поповски кој гостува во „Каде се парите?“, не изгледа како планско финансирање, туку како потег за надминување ликвидносен притисок во буџетот. Тој вели дека кога приходите не доаѓаат со динамиката што е планирана, најлесно е „дупката“ да се покрие со нов долг – а потоа јавноста тешко ја следи трагата каде завршуваат парите. Поповски ја става бројката во контекст: 2% од БДП во многу европски земји е цел годишен дефицит, додека кај нас се појавува како „попатно“ решение.
„Овие 300 милиони сега, надвор од сите предвидувања, пред неполн месец издаде обврзница од 1 милијарда, односно две обврзници од по 500. Ако беше предвидувањето и се како што треба тогаш можеше да се издаде 800 и 500. Но, ова интервентно задолжување од 300, која е за нашите гледачи релативната вредност на 300, ако Америка се задолжи 300, не значи ништо/ Кај нас е скоро близу 2% од БДП. 2% во многу европски земји е дефицитот на годишно ниво. А ние вака странично, попатно ја издаваме за да надминеме некои ликвидносни проблеми.“
Следете нè и притиснете „subscribe“
Аналитика








