Затворени се повеќе од 20.000 веб-страници поради продажба на фалсификувана стока низ ЕУ и Западен Балкан.
Како дел од заедничката акција на Европол, Европравда, Интерпол и националните центри за контрола на интелектуална сопственост наречени IOS, 21 910 веб-страници кои нудат непостоечки или фалсификувани производи за онлајн продажба се затворени.
Запленети се разни производи: од фалсификувани фармацевтски производи, пиратски филмови и софтвер, па се до нелегално пренесување на ТВ сигнали и музика, вредни повеќе од 2,5 милиони евра.
Запленети се 22.614 производи за козметика, 22.042 додатоци за мобилни телефони, 69.657 шишиња со парфеми, 8.929 парчиња облека, 7.480 кутии детергент и 4800 кутии кондоми.
Операцијата беше спроведена во 26 земји низ светот, 15 во ЕУ и три во регионот: Албанија, Босна и Херцеговина и Србија.
Ова е 11-та операција во рамките на операцијата IOS, која започна во 2014 година, како дел од напорите на владата „да го направи Интернетот побезбедно место“.
Покрај полициските и законските мерки, Канцеларијата за интелектуална сопственост на ЕУ спроведува и кампања за информирање на граѓаните за ризиците и начините да се заштитат од купување фалсификувани производи преку Интернет.