Комерцијална банка и оваа година им дава можност на граѓаните еден ден да тргуваат со акции на Македонската берза без никакви трошоци за брокерски услуги. На 12 септември 2025 година (петок) ќе се одржи традиционалниот „Инвеститорски ден“ – иницијатива чија цел е да ја приближи берзата до домашните индивидуални инвеститори и да ја поттикне културата на вложување во акции на македонски компании.
Како да се искористи можноста?
- Треба са склучиш нормални трансакции со акции преку БЕСТ системот со посредство на Комерцијална банка,
- Твојот вкупен промет тој ден не треба да биде поголем 10.000 евра, независно од бројот на берзански трансакции,
- Трансакциите треба да бидат склучени преку клиентска, односно сопственичка сметка.
Како банка со долга традиција во областа на берзанското тргување и со тим од високо квалификувани брокери, Комерцијална банка активно ја поддржува оваа иницијатива за да ги охрабри граѓаните да бидат поактивни инвеститори, да се запознаат со можностите што ги нуди домашниот пазар на хартии од вредност и да гледаат на вложувањето во акции како на начин за градење финансиска иднина.
На овој ден, сите трансакции со акции на сите пазарни сегменти ќе бидат и без трошоци кон Берзата и кон Централниот депозитар на хартии од вредност.
„Инвеститорскиот ден“ е одлична можност за тргување на Македонската берза без трошоци и со можност за стекнување искуство од вложување во домашните компании.