СЕРИЈАЛ 1
100- те НАЈГОЛЕМИ РАБОТОДАВАЧИ во Македонија лани вработиле 78.329 работници. Благодарение на нив, компаниите од различни дејности, направиле промет од 7,3 милијарди евра, а вкупната добивка им била 456 милиони евра. Добивката е резултат на работењето на 88 компании додека 12 компании биле во загуба и нивната вкупна загуба изнесувала 28 милиони евра.
КОИ СЕ ТОП 10 НАЈГОЛЕМИ РАБОТОДАВАЧИ?
Во првите 10 најголеми работодавачи во 2021 година работеле 25.647 работници. Во 2020 година, пак, во истите овие компании работеле 25.443 работници, или 204 работници помалку.
Она што може да се забележи е дека од ТОП 10 работодавачи, само 4 се во Скопје, додека другите се во другите градови.
Еве кои се 10-те најголеми работодавачи во 2021 година:
ОД 10-ТЕ НАЈГОЛЕМИ РАБОТОДАВАЧИ, САМО ДВА СЕ ВО ТОП 10 ПО ДОБИВКА
Податоците од платформата БизнисМрежа.мк покажуваат дека од овие 10 најголеми работодавачи, само два се во друштвото на ТОП 10 компании по добивка, а тоа се „Макпетрол“, каде со 1.870 вработени е направена добивка од 22,3 милиони евра и „Алкалоид“, каде со 1.860 вработени е направена добивка од 20,8 милиони евра.
КОЛКАВ ПРИХОД И ДОБИВКА НАПРАВИЛЕ НАЈТРУДОИНТЕНЗИВНИТЕ КОМПАНИИ?
Целата анализа е достапна на линкот: http://pari.com.mk/100-najgolemi-rabotodavaci-78329-vraboteni-im-pravat-450-milioni-evra-profit/
СЕРИЈАЛ 2
АЛАРМАНТНО: СЕКОЈ ОСМИ ГОЛЕМ РАБОТОДАВАЧ Е ВО ЗАГУБА
Што се случува со финансиските резултати на 100те најголеми работодавачи?
Финансиските податоци за 100-те најголеми работодавачи во компаниите од приватниот сектор (без банки и осигурителни друштва) покажуваат дека, грубо пресметано, секоја осма од нив била во загуба во 2021 година. Имено, загуба имаат 12 фирми кои се наоѓаат на листата на 100 најголеми работодавачи. Нивната вкупна загуба е 28 милиони евра, а во овие компании работат 5.800 работници! Ако се бара добрата во лошата вест – факт е дека загубари нема меѓу првите 19 најголеми работодавачи, а таму се компаниите каде бројот на работници надминува по 1.000 вработени, при што на самиот врв, кај прворангираниот работодавач – Дрекслмајер мануфактуринг Македонија ДООЕЛ – достигнува 5.626 вработени.
Порталот Пари заедно со платформата БизнисМрежа.мк анализира на кои големи работодавачи лани не им одело добро, и со каков минус ја стартувале 2022.
Износите се прикажани во ЕВРА
Анализата СЕКОЈ ОСМИ ГОЛЕМ РАБОТОДАВАЧ Е ВО ЗАГУБА можете да ја прочитате на следниот линк: http://pari.com.mk/alarmantno-sekoj-osmi-golem-rabotodavach-e-vo-zaguba/
ВИ НАЈАВУВАМЕ! ПОРТАЛОТ ПАРИ, ЕКСКЛУЗИВНО ЌЕ ЈА ПУБЛИКУВА ЛИСТАТА НА 100те НАЈГОЛЕМИ РАБОТОДАВАЧИ ВО МАКЕДОНИЈА
Редакција Пари