ПОВЕЌЕ

    ТОП 10 компании кои исплаќаат највисока дивиденда на акционерите

    Време зa читање: 4 минути

    Според веб-страницата Interactive Investor, компанијата која исплатила најголем износ на дивиденди на акционерите во 2020 година е Microsoft. Технолошкиот гигант им исплати на акционерите вкупно 16,521 милијарди долари.

    Она што е интересно е дека меѓу десетте најголеми се само две компании надвор од САД, пренесува Бонитет.

    Читајќи ја оваа листа, ќе забележите и дека кога станува збор за американските компании, тие ги зголемуваат дивидендите најмалку девет, а најмногу 59 години по ред, по добри годишни стапки.

    Microsoft – развива, лиценцира и одржува софтвер, услуги, уреди и софтверски решенија ширум светот.

    Минатата година на акционерите им исплатиле 16,521 милијарди долари дивиденда, а 19 години по ред успеваат да го зголемат овој вид на исплата. Во последната деценија Мајкрософт успеа да ги зголеми дивидендите со годишна стапка од 14,28%.

    AT&T – обезбедува телекомуникациски, медиумски и технолошки услуги ширум светот

    Компанијата исплати 14,956 милијарди долари дивиденда на акционерите минатата година. Оваа сума најверојатно ќе се намали во 2022 година, бидејќи компанијата планира да ги намали дивидендите обидувајќи се да стане чисто телекомуникациска компанија преку одредени продажби и преземања на средства. AT&T е една од оние компании кои се нарекуваат и „дивидендни аристократи“, која успева да ги зголеми дивидендите 36 години по ред, со годишна стапка од 2,16% во последната деценија.

    Exxon Mobil – истражува и произведува сурова нафта и природен гас во САД и на меѓународно ниво

    Компанијата исплати 14,865 милијарди долари дивиденда на акционерите.

    Exxon Mobil ги зголемува дивидендите веќе 38 години по ред, со годишна стапка од 7,18% во последната деценија.

    Apple – дизајнира, произведува и продава паметни телефони, персонални компјутери, таблети ширум светот и продава различни поврзани услуги

    Компанијата исплати дивиденда на акционерите во износ од 14,081 милијарди долари во 2020 година.

    Apple успеа да ги зголеми дивидендите 9 години по ред, со годишна стапка од 9,70% во последните пет години.

    JPMorgan Chase – работи како компанија за финансиски услуги ширум светот во четири сегменти: Банкарство за потрошувачи и заедница (CCB), корпоративна инвестициска банка (CIB), комерцијално банкарство (CB) и управување со средства и богатство (AVM).

    Компанијата исплати 12,69 милијарди долари дивиденда на акционерите минатата година.

    JPMorgan Chase остварува дивиденди и успева да ги зголеми дивидендите 11 години по ред, со годишна стапка од 33,51% во последната деценија.

    China Construction Bank – обезбедува различни банкарски и поврзани финансиски услуги за поединци и корпоративни клиенти во Кина и на меѓународно ниво. Работи преку корпоративно банкарство, лично банкарство, трезорско работење и друго.

    Банката на Кина исплати 13,196 милијарди долари дивиденда на акционерите за 2020 година.

    Johnson & Johanson – истражува и развива, произведува и продава низа здравствени производи ширум светот.

    Компанијата исплати 10,481 милијарди долари дивиденда на акционерите минатата година.

    Johnosn & Johnson е „кралот на дивидендите“ кој успеа да ги зголеми дивидендите 59 години по ред, со годишна стапка од 6,55% во последната деценија.

    Verizon – им нуди на потрошувачите, бизнисите и владините организации ширум светот комуникации, технологија, информации и забавни производи и услуги.

    Компанијата исплати 10,232 милијарди долари дивиденда на акционерите во 2020 година.

    Verizon успеа да ги зголеми дивидендите 16 години по ред, со годишна стапка од 2,60% во последната деценија.

    Chevron – се занимава со интегрирани енергетски, хемиски и нафтени операции низ светот.

    Компанијата исплати дивиденда на акционерите во износ од милијарди долари во 2020 година.

    Chevron 34 години по ред успеа да зголеми d9.651 дивиденда, со годишна стапка од 6,21% во последната деценија, пренесува Bonitet.com.

    Taiwan Semiconductor Manufacturing – произведува и продава интегрирани кола и полупроводници.

    Компанијата им исплати дивиденда на акционерите во износ од 9,222 милијарди долари за 2020 година.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично