ПОВЕЌЕ

    1.000.000 ДЕНАРИ ЗА НАЈДОБРАТА БИЗНИС ИДЕЈА: УШТЕ 12 ДЕНА ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ НА „СРЕДНОШКОЛЕЦ МИЛИОНЕР“

    Време зa читање: 2 минути

    Како што наближува крајниот рок, така се зголемува интересот што владее меѓу средношколците за натпреварот „Средношколец милионер“, кој им нуди единствена можност на младите во Македонија да ја претстават својата идеја за бизнис, а најдобрите да освојат награда од 1.000.000 денари.

    Пријавувањето е сè уште отворено, но времето истекува. Според податоците од Бреинстер групацијата, веќе се пристигнати неколку десетици оригинални и иновативни предлози од средношколци ширум земјата, а нивниот број се зголемува од ден на ден.

    Натпреварот има за цел да ја поттикне креативноста, иновативноста и претприемачкиот дух кај младите, како и да покаже дека добрата идеја може да започне во училишна клупа, а да заврши како успешна приказна.

    Освен индивидуалната конкуренција, натпреварот создава и друг предизвик – која гимназија ќе се покаже како најкреативна, односно кој град ќе ја понесе титулата најиновативен од кој доаѓаат новите млади „милионери“ во Македонија.

    Освоените парични средства победниците може, но не мора да ги вложат за развој на нивната идеја. Едноставно е – ќе ги добијат, а може да ги трошат како што сакаат.

    Организаторите повикуваат сите средношколци што имаат идеја – без разлика дали е поврзана со технологија, екологија, образование, дизајн или социјална промена – да се пријават што поскоро и да станат дел од највредниот средношколски натпревар во земјата досега.

    Пријавувањето е во тек на milioner.mk, а финалето ќе се одржи во организација на Brainster и NU High School Academy.

    За пријава не се бараат никакви парични средства или посебни услови – само пријавените да се средношколци, да бидат креативни, иновативни и амбициозни.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично