По повод „Светскиот ден на штедењето – 31 Октомври“ вработени во Комерцијална банка се стекнаа со признание за најдобри банкарски службеници и со јубилејни награди за долгогодишен работен стаж во банката.
На свечениот настан во организација на Македонската банкарска асоцијација, за најдобри службеници во Комерцијална банка за 2021 година поради нивната посветеност во работата и остварените резултати во текот на годината беа прогласени Афродита Георгиевска и Марјан Гулески од Самостојната дирекција за управување со мрежата на филијали и Никола Карапејевски, вработен во Секторот за работа со население.
Водена од досегашната традиција и од желбата да изрази благодарност кон вработените, Комерцијална банка годинава им додели и јубилејни парични награди на 32 вработени кои оствариле 15 и 30 години непрекинат работен стаж во банката. Долгогодишното работно искуство, лојалноста и посветеноста на вработените се еден од највредните ресурси на Комерцијална банка, врз кои банката ги темели своите деловни резултати, својот развој и својот професионален однос кон клиентите.
Комерцијална банка им ги честита признанијата на своите вработени и им посакува заедничко споделување на уште многу успешни достигнувања.