ПОВЕЌЕ

    Јовановски: Ќе го решиме проблемот со депонијата и канализацијата и ќе изградиме стационар за кучиња во Кичево

    Време зa читање: 3 минути

    Во „Тема на ден” на Сител телевизија гостуваше кандидатот за градоначалник на општина Кичево од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Јовановски кој истакна дека во општината цели 12 години нема напредок и ситуацијата се движи во правец кој не води никаде, без инвестиции, истакнувајќи дека се потребни промени кои ќе донесат нови фабрики и проекти во инфраструктурата.

    „Актуелниот градоначалник е 12 години тука, во овие 12 години имаме само иселување, немаме поврат, немаме никаква инвестиција, немаме ништо ново, градот ни тоне во мрак, ни тоне во ѓубре, ни тоне во несигурност, да се размисли за кого ќе се даде гласот сепак ова одлучува за иднината на нашите деца а потоа и на нас. Јас сум човек кој сака градот да оди напред, проблемот е што нас ни треба човек што сака да работи и што е чесен, човек што ќе се посвети на градот и човек што ќе не води напред,  не човек кој ќе се води по лични интереси, особено не по  националистички интереси, нас ни требаат фабрики, ни требаат инвестиции, ни требаат крупни проекти ви инфраструктура”, рече Јовановски.

    Кандидатот за градоначалник на општина Кичево, Александар Јовановски ги посочи трите приоритетни проблеми кои ќе ги решава со самото доаѓање на местото градоначалник, како што  е проблемот со депонијата во центарот на градот,  проблемот со кучињата скитници и изградба на стационар и проблемот со канализационата мрежа.

    „Горлив проблем е тоа што актуелниот градоначалник направи една “претоварна” станица за отпад или за ѓубре, во самиот центар на градот, значи тука буквално населението ни е отруено не само од миризба, така да топ проект ни е тоа да го отстранам од тука, имам решение, имаме тим, имаме проект изработен и знаеме каде прво ќе го дислоцираме. Втор проект ни е  да ги ослободиме граѓаните да се движат слободно, да не бидат напаѓани од глутници кучиња, јас имам проект со кој што ќе ги згрижиме кучињата на најхуман начин, изградба на стационар, вработување на стручни лица, институционално ќе го решиме проблемот, актуелниот градоначалник не го реши тоа. Третиот проект односно проблем кој ќе го решам е течењето на фекалии, пример општината Зајас денес нема канализација, имаат некој дел или крак меѓутоа две третини не се решени, по асфалтирани улички течат фекалии”, вели Јовановски.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично