ПОВЕЌЕ

    Штедни книшки „Верверичка“ за победниците на натпреварот во раскажување книги

    Време зa читање: 2 минути

    Штедни книшки „Верверичка“ со подарок штеден влог им врачи Комерцијална банка на шест ученици кои победија на натпреварот во раскажување книги, што за првпат го организираше Фондацијата „Ѓорѓи Марјановиќ“.

    Комерцијална банка е спонзор на натпреварот кој е извонредна иницијатива за квалитетен образовен процес, подобрување на интелектуалната способност на децата, намалување на нивното присуство на социјалните мрежи и за поттикнување на нивната љубов кон книгата.

    Поддршката од Комерцијална банка оди за учениците кои во конкуренција на 30 натпреварувачи прочитаа најмногу книги и победија на финалниот натпревар во раскажување на прочитаното. Шестемина најдобри добија штедни книшки со парична награда од по 10.000 денари за првонаградените, по 6.000 денари за учениците кои го освоија второто место и по 4.000 денари за третопласираните.

    Директорот на самостојната дирекција за маркетинг на Комерцијална банка, Андреј Јовковски, им честиташе на победниците со желба да имаат уште многу вредни достигнувања во образовниот процес и во животот.

    „Би сакал во името на Комерцијална банка да им изразам голема почит и искрени честитки на победниците. Нашата поддршка оди за овие паметни и вредни ученици, кои со својот пример заслужуваат да бидат пофалени и поттикнати да продолжат да уживаат во книгите и во учењето“, истакна Јовковски.

    Со доделените награди, Комерцијална банка како општествено одговорна компанија сака да ги поттикне децата и финансиски да се описменуваат, за да израснат во одговорни и успешни млади луѓе со здрава финансиска иднина.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично