ПОВЕЌЕ

    Швајцарската централна банка очекува профит од 49 милијарди франци во 2019 година

    Време зa читање: 2 минути

    Швајцарската централна банка процени дека остварила добивка од 49 милијарди франци во 2019 година благодарение на инвестициите во девизи и обврзници со цел да го запре зајакнувањето на домашната валута.


    Во 2018 година, Банката забележа загуба од 15 милијарди франци.


    Главницата од 40 милијарди франци – припаѓа на позициите во странска валута. На крајот на минатата година, девизното портфолио на Швајцарската централна банка надмина 804 милијарди франци, што е повеќе од вредноста на швајцарскиот бруто-домашен производ.

    Банката купува девизи за да го блокира зајакнувањето на нејзината домашна валута, што инвеститорите ја сметаат за сигурна инвестиција во време на криза. Силниот франк им штети на швајцарските извозници, а поддршката за домашната економија е составен дел од мандатот на централната банка, како што е и одржувањето на ценовната стабилност.


    Швајцарската банка не е обврзана да оствари профит.


    Дополнителни 6,9 милијарди американски долари во ланската добивка беа генерирани од зголемувањето на вредноста на вложување во злато, според првичните податоци.

    Врз основа на резултатите во 2019 година, Банката ќе плати 2 милијарди франци дивиденди на сојузната влада и кантоните и ќе разговара со претставниците на Министерството за финансии за можни дополнителни плаќања за 2019 и 2020 година.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично