ПОВЕЌЕ

    Чонески: Време е за промени и вистински развој во Крушево

    Време зa читање: 2 минути

    Нико Чонески, кандидат за градоначалник на општина Крушево од редовите на ВМРО-ДПМНЕ денес даде изјава за медиуми во која ги истакна предизвиците со кои се соочува Крушево, потенцирајќи дека е потребно итно решавање на наталожените проблеми и создавање услови за целосен развој на општината.

    „Крушево кое за жал, колку што што е прекрасно, толку и проблеми има. Проблеми кои значат отежнување на секојдневниот живот на граѓаните на општина Крушево, но и за жал значат и закана по здравјето на граѓаните на општина Крушево. Затоа ни е потребно итно решавање на тие проблеми, но исто така ни е потребно, паралелно со тоа, да имаме и развој во општина Крушево, развој на секој сегмент.
    Почнувајќи од инфраструктура до култура, но најважно од се, во Крушево ни е потребно развој на економијата. За сето тоа да се случи, во Крушево е потребно да се направат промени”, истакна Чонески.

    Чонески порача дека за Крушево да чекори напред, потребни се промени, енергија и визија кои ќе ја вратат општината на патот на напредок и достоинствен живот за сите жители.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично