ПОВЕЌЕ

    Генерали Инвестментс: Цените на нафтата на најниско ниво од декември 2021 година

    Време зa читање: 6 минути

    Портфолио менаџерите во Генерали Инвестментс составија резиме за тековните случувања кои влијаат врз пазарот на капитал и актуелни совети за инвеститорите.

    Индексот S&P минатата недела повторно беше над 4000 поени

    Записникот од последната средба на американската централна банка, т.е. Записникот на ФЕД ги потврди цените на пазарите изминативе недели. ФЕД во наредните седници планира малку да го омекнет својот пристап и да го успори темпото на зголемување на каматните стапки. Ова најверојатно значи дека ноемвриското рели беше последното рели од 0,75%, пазарите сега очекуваат раст од 0,50% во јануарската сесија. Берзанските индекси ја поздравија веста и продолжија со нивното закрепнување. Индексот S&P 500 моментално е над 12% над минимум постигнат во средината на октомври, а минатата недела затвори со повеќе од 4.000 поени за прв пат во два месеци. Продажбата на интернет за црниот петок во САД достигна рекордни 9,12 милијарди долари оваа година, според Adobe Analytics, што укажува на тоа дека сезоната на празничен шопинг започнува со охрабрувачки почеток и покрај инфлацијата и неизвесноста за трговците на мало. Но, номиналниот раст на продажбата е помал од инфлацијата, а големите попусти отвораат прашања за профитабилноста на трговците на мало. Оттука, резултатите се чини дека се доволно добри за да се зголеми довербата кај инвеститорите. Пред влезот во празничниот декември, кој традиционално е поволен месец за инвеститорите на пазарите на капитал, расте оптимизмот дека годината би можела да заврши многу помалку болно отколку што се чинеше пред само неколку недели.

    Цената на нафтата на најниско ниво од декември минатата година

    Во центарот на вниманието на инвеститорите на европските берзи исто така беше записникот од последниот состанок на ФЕД, кои благо зајакнаа во светло на помалку агресивната реторика од централните банкари. Оптимизам предизвикуваат и движењата на енергетските пазари, цената на барел сурова нафта од 159 литри падна под 75 американски долари, што е најниско од декември минатата година, а цените на природниот гас се исто така далеку од највисоките цени оваа година. Дури и податоците за европската инфлација, која во некои земји покажува знаци на привремено забавување, укажуваат на тоа дека зголемувањата на ЕЦБ во наредната година ќе бидат помали од очекуваното. Ова главно го зајакна пазарот на обврзници и приносот на германската 10-годишна обврзница падна под нивото од 2%.

    Протестите во Кина го парализираат производството на Apple

    Акцентот во последниов период се става на Кина, каде што се одржуваат најголемите демонстрации од 1989 година. Во тоа време, кинеските власти испратија тенкови и вооружени војници против демонстрантите кои бараа поголема политичка и социјална слобода на плоштадот Тјенанмен во Пекинг, каде загинаа неколку стотици луѓе. Оттогаш, сите помали знаци на бунт од страна на кинескиот народ беа брзо потиснати. Но, овој пат се чини дека Комунистичката партија отиде толку далеку со репресија во име на контрола на ширењето на Ковид-19 што не можеше да се потисне несогласувањето. Смртта на десет лица, кои беа заробени во станбен блок поради строг карантин додека пожарот се ширеше, беше последната капка што предизвика негодување и ги покажува почетоците на бунтот против властите. Само неколку недели откако Кси ги исфрли политичките противници на Конгресот на Комунистичката партија, сега се чини дека неговата позиција може да биде ставена на сериозен тест од народот. Расплетот на тековните настани може да има значително влијание врз целата глобална економија. Тоа веќе силно се чувствуваа во Apple, имено насилните демонстрации го парализираа производството во нивната гигантска фабрика во Кина. Како резултат на тоа, продажбата на новиот iPhone 14 веќе страда, а акциите на Apple исто така се најдоа под притисок. Кина навистина укажува дека би можела малку да ја омекне политиката за Ковид, а пазарите реагираат на тоа многу позитивно секој пат, но сржта на економските предизвици на Кина не е толку во политиката за Ковид, колку во сложеноста на сегашниот модел на раст. Изградбата на бескрајни инфраструктурни проекти наиде на пречки и поинаков модел на раст во меѓувреме ќе донесе многу шокови во економијата, а со тоа и на берзите. Но, на краток рок, секое олеснување на бариерите за Ковид ќе биде прифатено многу позитивно, особено од гледна точка на глобалните или странските инвеститори.

    Нестабилноста на валутните пазари се рефлектира во портфолијата на инвеститорите

    Намалувањето на инфлацијата во САД и помалку острите прогнози на американската централна банка предизвикаа значителен пад на вредноста на американскиот долар во последните неколку недели, кој во поголемиот дел од годината бележи силен пад во однос на другите валути. Вредноста на еврото беше пониска од доларот пред само неколку недели. Тоа значи дека европските инвеститори не го почувствуваа толку неодамнешниот раст на американските берзи, но дури и падовите во првиот дел од годината, кога доларот порасна во однос на еврото, беа поблаги поради валутните ефекти. Ова е нормална динамика, бидејќи американскиот долар, поради статусот на безбедно засолниште, обично добива во периоди на големи падови и несигурност на пазарите, додека вредноста на другите валути се зголемува во време на оптимизам. Но, инвеститорите треба да ги вклучат овие валутни движења во нивните очекувања, бидејќи тоа влијае на деловното работење.

    СОВЕТИ ЗА ИНВЕСТИТОРИ

    Советот за инвеститорите да се адаптираат поактивно на промените во економското опкружување остануваат да важат и во иднинаМакроекономските податоци со исклучок на инфлацијата, не се подобрени, но остриот скок на берзите во изминатата недела покажува дека има мнпгу слободни пари кои го чекаат таканареченото „дно“ на берзите. Централните банки остануваат главен играч на пазарите на капитал и комуникацијата, преку која што заострувањето и омекнувањето на монетарната политика наизменично се менува од ден на ден дефинитивно не помага да се создаде појасна слика. Реакцијата на инвеститорите покажува дека добрата вест ја вброивме во нови нивоа за многу кратко време. По ваквото закрепнување, тешко е да се каже дека акциите се исклучително евтини, но нудат можности, бидејќи иднината на очекувањата на инвеститорите за тоа како треба да изгледа иднината може многу брзо да се сменат. Инвеститорите кои беа премногу конзервативни или фокусирани исклучиво кон сигурни инвестиции, го пропуштија силниот пораст. Се разбира, ништо не е пропуштено на долг рок и оние кои беа упорни со програмирани уплати докажаа дека таквиот пристап е најдобар. Диверзификацијата на портфолиото останува клучен двигател. Комбинација од акциски фондови како што се Генерали Топ Брендови, Генерали НОВА ЕУ и паричен фонд  Генерали Кеш Депозит, треба да бидат основа на портфолиото во вакво опкружување, а исто така носи и одредени можностиОние кои имаат поголема позиција во технологијата или одредени други сегменти во нивното портфолио можат да го искористат овој пораст за да ги реконструираат своите портфолија. Генерали БРИК сепак, останува многу шпекулативна инвестиција, бидејќи кинеската држава редовно и често ја менува сликата за иднината што ја предвидуваат инвеститорите, што со себе носи силни флуктуации. Времињата се непредвидливи и ќе се појават можности.  Отскокнувањето само покажува дека пазарот е непредвидлив и дека се потребни постепени и методички чекори во прилагодувањето на инвестициското портфолио, бидејќи чекањето на оптимален момент води до можност за пропуштање на силни скокови. Порастот не значи дека кризата е завршена и дека не е можно ново дно. Тоа само покажува дека да се биде премногу самоуверен во една приказна и како резултат на тоа да се има неизбалансирано портфолио може да биде опасно.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично