Фонд за иновации и технолошки развој и Асоцијацијата на стартап заедницата на Република Северна Македонија- Стартап Македонија, потпишаа Меморандум за соработка, со цел спроведување и јакнење на меѓусебната соработка.
Договорот подразбира поттикнување и афирмација на областите од заеднички интерес, пред се во областа на иновациската дејност и стартап заедницата.
„Развојот на македонскиот стартап екосистем ќе биде стратешки приоритет на ФИТР во наредниот период. Сметам дека земјата има огромен потенцијал и со заеднички и инклузивен процес, ќе ја позиционираме Р.Северна Македонија како стартап хаб во регионот.“, изјави Коста Петров директор на ФИТР.
Соработката меѓу ФИТР и Стартап Македонија меѓу другото вклучува и дигитализација на стартап екосистемот и транспарентно достапни податоци, подобрување на законската регулатива за стартап компаниите и нивниот пристап до странски пазари.
Претседателот на Асоцијацијата Дејан Алексовски, посочи државата и стартап заедницата мора да соработуваат заедно, за да се случат реално потребните промени за подобар екосистем.
„Со ФИТР ја продолжуваме, и со овој Меморандум интензивираме соработката во интерес на стартапите. Успешен стартап екосистем не се гради преку ноќ но ме радува дека постои волја, сериозно да се пристапи кон решавање на многуте предизвици за да се креираат, развиваат, и растат успешни стартап приказни од Македонија”, рече Игор Маџов, програмски директор на Стартап Македонија.
Портофолиото на ФИТР брои 305 стартап компании со вкупно кофинансирање од 17,3 милиони евра.
Во продолжение е линк до видео презентација од потпишувањето https://wetransfer.com/downloads/4c583ecacb152f268f44d7e5670cdac920201204095414/f9144785856b76c89ce2d88f2678d12c20201204095427/f7cda