Уникатната филијала на Стопанска банка во Охрид доби награда за најдобар ентериер на БИМАС 20-21

Време зa читање: 2 минути
Photography for BMA – Stopanska banka Ohrid
copyright © 2023 Vase AMANITO, All rights reserved

Филијалата на Стопанска банка АД-Скопје во Охрид, вклопена во автентичниот амбиент на старата охридска архитектура, доби награда за најдобар ентериер на Биеналето на македонската архитектура (БИМАС 20-21).

Наградата му беше доделена на архитектонското студио БМА, кое го реализираше внатрешното уредување на филијалата, на затворањето на БИМАС 20-21 што се одржа во Музејот на современа уметност во Скопје. Уникатната филијала на Стопанска банка е лоцирана во најубавиот  дел на градот Охрид, во куќа како културен споменик која на најдобар начин ги спојува долгата традиција на банката и силното присуство во градот и регионот.

– Горди сме што стручната јавност ги препознава нашите заложби на клиентите да им го понудиме најдоброто во секој сегмент од работењето. Изразуваме голема благодарност до архитектонскиот тим и колегите од Секторот за административна поддршка вклучени во развојот на проектот. Оваа филијала е бисер во нашата голема мрежа филијали и пример за симбиоза помеѓу традиционалното и модерното – истакнаа од Стопанска банка.

Линк до фотогалерија: https://www.stb.com.mk/novosti/nagrada-za-najdobar-enterier-na-bimas-20-21-za-proektot-filijala-okhrid/

Фотографиите се изработени од: Васе Петровски – Аманито.

14,794Следи нè на facebookЛајк

слично