Комерцијална банка ја смета финансиската писменост за клучен фактор за економски развој и благосостојба на населението. Затоа Банката е посветена на постојана едукација не само на клиентите, туку и воопшто на граѓаните, а особено на младата популација бидејќи добрите навики се создаваат од мали нозе.
Штедењето како навика е еден од предусловите за безгрижна финансиска иднина. Токму на темата „Штедење“ минатиот месец размислуваа, истражуваа и пишуваа повеќе од стотина средношколци од средното училиште „Васил Антевски Дрен“ од Скопје, од каде пројавија интерес да придонесат во одбележувањето на Меѓународниот ден на штедењето – 31 Октомври. Комерцијална со задоволство ги вклучи во активностите на Банката по повод овој ден, а кои традиционално во фокусот ја имаат целта децата да се учат на штедење уште додека се мали.
За трите најдобри есеи Комерцијална банка обезбеди и награда – Штедни книшки со орочен депозит на една година во износ од 6.000 денари за прва, 4.500 за втора и 3.000 денари за трета награда. Заради значајните пораки и корисните совети што овие млади автори ги внесоа во своите трудови, Комерцијална банка ги објавува нивните есеи со цел да бидат достапни и за нивните другарчиња, кои сигурно во нив ќе се пронајдат со своите размислувања, потреби или дилеми.
Виктор Ристаноски – Прва награда