Овој Саем на книгата, од 4 до 10 мај, во Спортската сала „Борис Трајковски“, на штандот на ТРИ ќе ве пречекаат многу новитети од домашни автори и преводи на светски бестселери, големи попусти и понуда од над 500 наслови.
Од ТРИ се погрижија да обезбедат дела, автори и случувања што ќе ве инспирираат да чекорите напред. Токму како што најавуваат со својот слоган, ќе успеете да го разбудите најдоброто во себе.
ТРИ ја освежуваат домашната книжевна сцена со уште едно големо име – Румена Бужаровска, која ќе пристигне со нови изданија на „Осмица“, „Мојот маж“ и „Не одам никаде“. Ни приредуваат и одлични случувања и средби со истакнати автори како Венко Андоновски, Винка Саздова, Јагода Михајловска-Георгиева, Виолета Танчева-Златева и Наташа Сарџоска.
Долгоочекуваните преводи на најпознатите светски хитови, како „Лекции по хемија“ од Бони Гармус, „Среќа е да пијам чај со тебе“ од Мамен Санчес и „Специјалист за љубомора“ од Ју Несбе, ќе ги пречекаат сите љубители на квалитетната белетристика. Препознатливо за ТРИ, ги најавија и популарните наслови од областа на психолошката медицина и литературата за личен развој. Конечно пристигна прирачникот за родителство од ценетиот Габор Мате – „Држете се до своите деца“, како и „Големата храброст“ од Брене Браун.
Причини плус да го посетите штандот со логото на ТРИ на Саемот на книгата се снижените цени до 60 %, скалестиот попуст за најмалку 3 купени книги, но и одличните наслови на целосна распродажба.
Тие ќе ви докажат дека Саемот на книгата е вистинското место да се пронајдете себеси и да го извлечете најдоброто од себе. Големите читатели знаат дека книгите ја имаат таа моќ.