ПОВЕЌЕ

    Триглав Oсигурување Живот и Халкбанк со нови атрактивни можности за осигурување на живот за корисници на станбен кредит

    Време зa читање: 3 минути

    Станбениот кредит е одлична можност за решавање на значајната животна потреба за сопствен дом, кој пропратен со осигурување на живот за корисникот на кредитот е вистинското решение за финансиската сигурност и стабилност на целото семејство.

    Атрактивната комбинација на банкарски и осигурителни производи овозможува кредит со вклучена полиса за осигурување на живот за кредитобарателот, која има за цел да обезбеди финансиска сигурност за неговото семејство во услови кога тоа се задолжува со висок износ и на долг временски период полн со неизвесности.

    Триглав Осигурување Живот во соработка со Халкбанк креираше нови продукти за осигурување за сите корисници на станбен кредит, кои  обезбедуваат месечно плаќање на премијата вклучена во амортизациониот план на кредитот.

    Со овој новитет корисниците на станбен кредит во Халкбанк добија можност да склучат полиса која им обезбедува сигурна отплата на кредитот од страна на Триглав Осигурување Живот АД Скопје во случај на неочекуван немил настан (смрт) на кредитобарателот, при што полисата е вклучена и во амортизациониот план на кредитот.

    “Овозможуваме уникатни производи креирани според потребите на клиентите кои се корисници на станбен кредит во Халкбанк. Тие имаат можност да изберат помеѓу три вида продукти за осигурување, кои им овозможуваат премијата да ја плаќаат месечно заедно со ануитетот за кредитот се до отплата на станбениот кредит, а им обезбедуваат и осигурување во случај на смрт од болест или незгода. Со ова на корисниците на станбен кредит им понудивме навистина квалитетна и максимално корисна понуда за осигурување при долгорочно кредитирање”, велат од Триглав Осигурување Живот АД Скопје.

    Полисата за осигурување на живот на корисник на кредит е полиса со осигурена сума која го следи амортизациониот план на кредитот, а има за цел да обезбеди отплата на кредитот од страна на Триглав Осигурување Живот АД Скопје во случај на ненадеен немил настан (смрт) на кредитобарателот. Оваа полиса има можност и за вклучување две осигурени лица на една полиса, со што обезбедува отплата на кредитот во случај на неочекувана смрт на кој било од двајцата осигуреници.

    За уште поголеми бенефити за клиентите, Халкбанк за корисниците на станбен кредит нуди и осигурителни полиси вклучени во амортизациониот план на кредитот, кои имаат и штедна компонента. Полисата за Ризико осигурување со 30% поврат на премија и Полисата за Осигурување на живот со штедење со двојна осигурена сума во случај на смрт се со фиксна осигурена сума во случај на неочекувана смрт за цело времетраење на осигурувањето, која е во висина на износот на станбениот кредит. Овие полиси примарно гарантираат отплата на кредитот во случај на неочекуван немил настан (смрт) на кредитобарателот, а можниот вишок на средства се исплаќа кон корисникот кој го одредил самиот кредитобарател, со што се обезбедува и дополнителна финансиска сигурност за најблиските. Штедната компонента, пак, гарантира поврат на вложените средства при доживеан истек на осигурувањето.

    Со оваа заедничка понуда на Триглав Осигурување Живот и Халкбанк корисниците на станбен кредит добиваат ефикасно и персонализирано финансиско решение за остварување на една од најголемите животни желби без финансиски грижи и потешкотии.

    За дополнителни информации за понудата, како и за да ви помогнеме да изберете најдобро решение за вашата финансиска сигурност, посетете ја најблиската филијала на Халк Банка.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично