ПОВЕЌЕ

    Триглав Осигурување АД Скопје склучи договор за реосигурување за 2022-ра

    Време зa читање: 2 минути

    Одборот на директори на Триглав Осигурување АД, Скопје, на 184-та седница одржана на ден 20.01.2022 година, донесе Одлука за одобрување на склучување на Договори за реосигурување за 2022 година со Триглав Ре Љубљана бр.0202-579 од 20.01.2022 година, врз основа на која нa ден 27.01.2022  година е склучен Договор за реосигурување за 2022 година помеѓу Триглав Осигурување АД, Скопје и Триглав Ре Љубљана.

    Во склучениот договор за реосигурување за 2022 година вредноста на Договорот за реосигурување на вишок штети од зелена карта изнесува 206.200 ЕУР; вредноста на Договорот за реосигурување на катастрофални штети изнесува  53.750 Евра; вредноста на Договорот за реосигурување на вишок на штети за транспорт изнесува 1.400 ЕУР; вредноста на Договорот за реосигурување на вишок на штети за каско изнесува  21.820 ЕУР, вредноста на Договорот за реосигурување на вишок на штети за незгода изнесува  6.430 ЕУР, додека за останатите реосигурувања вредноста ќе се определува по основ на пријавени ризици во текот на годината.

    Капиталната поврзаност помеѓу Триглав Осигурување АД, Скопје и Триглав Ре Љубљана произлегува од тоа што двете друштва се членки на Групацијата Триглав.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично