Тетекс АД Тетово за периодот Јануари-Септември 2021 година оствари добивка на износ од 81.464 илјади денари, наспроти оперативната добивка од 48.358 илјади денари во истиот период минатата година.
За периодот Јануари-Септември 2021 година оствари позитивен финансиски резултат искажан во неревидираниот единечен Биланс на успех. Приходите остварени од продажба на готови производи и услуги се 35.837 илјади ден, и истите се резултат од редовното работење; во што се вклучени приходи од кирии, услуги и продажба на готови производи и стоки.
Во останатите оперативни приходи е вклучена продажбата на недвижност во износ од 24.080 илјади. За тековниот период се евидентирани финансиски приходи од примени дивиденди во износ од 66.471 илјади; додека финансиските приходи од примени дивиденди минатата година изнесуваа 41.560 илјади денари.
Остварените единечни вкупни расходи во периодот Јануари – Септември 2021 година изнесуваат 40.388 илјади денари и во споредба со истиот период во 2020 година бележат намалување за 53 %.
Напорите на менаџментот на ТЕТЕКС АД , во постоечките услови на работа, се насочени кон менаџирање на постоечките расположиви капацитети на недвижен и движен имот, како и залихите на материјали, производи и стоки, за да се оствари приход и позитивен резултат од работењето.
Финансискиот извештај можете да го погледнете тука.