ПОВЕЌЕ

    СТРУЈАТА ПОСКАПУВА ПО НОВА ГОДИНА: АД ЕСМ достави цена за домашната струја, повисока е за 13,6 %

    Време зa читање: 2 минути

    По 41 евро за мегават час АД ЕСМ ќе му ја продава електричната енергија од домашното производство на ЕВН Хоме. Државната компанија денеска се јави со поунуди на двата тендери на универзалниот снабдувач ЕВН Хоме. Едниот тендер беше за набавка на задолжителните 60 проценти од АД ЕСМ и вториот за 40 проценти кои се набавуваа на слободен пазар.

    Со оваа понуда АД ЕСМ ги обезбедува домаќинствата со електрична енергија по цена од 41 евро за мегават час за шест месеци во 2022-та. Оваа цена е за 13,6% повисока од онаа што граѓаните ја плаќаа за тековната година (36,1 евро за мегават час).

    Во меѓувреме цената на електричната енергија на светските берза деновиве забележа пад и се продаваше за околу 230 евра за мегават час. Пред една недела просечната цена достигна над 400 евра за мегават час, а во еден момент еден мегават чинеше и над 1000 евра.

    Поради зголемената цена на струјата, една од мерките што ја најави Владата е 1000 денари субвенции на сметката за струја за 45 300 граѓани од социјално најранливите категории. Оваа мерка е во план да се спроведе со сметките од наредната година, кога и ќе поскапи струјата.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично