ПОВЕЌЕ
    ПОВЕЌЕ

      Стопанска банка започна со исплата на парични средства од социјална, детска и цивилна заштита

      Време зa читање: 2 минути

      Стопанска банка АД – Скопје ги информира дека на 05.09.2022 (понеделник) ќе се изврши процесирање на паричните средства за социјална, детска и цивилна заштита, при што за клиентите – корисници на дебитни картички, средствата ќе бидат веднаш достапни за располагање САМО во трговија и на банкоматите.

       Додека, готовинска исплата  во филијалите на Банката ќе се изврши етапно на 5-ти септември (понеделник) и 6-ти септември (вторник) 2022 година, со строго дефиниран редослед по азбучен ред и тоа според почетната буква од презимето:

      • 05.09.2022 (понеделник) исплата за А, Б, В, Г, Д, Ѓ, Е, Ж, З, Ѕ, И, Ј, К, Л, Љ; (презиме)
      • 06.09.2022 (вторник) исплата за М, Н, Њ, О, ПР, С, Т, Ќ, У, Ф, Х, Ц, Ч, Џ, Ш; (презиме)

      Потребно е клиентите да се придржуваат до овој распоред со цел успешно спроведување на исплатата и намалување на гужвите како и притисокот врз вработените. Овие клиенти при посета на филијалата, пред се заради лична заштита, да поднесат и барање за изработка на дебитна картичка со што ќе бидат подготвени за подигнување на нивните средства следниот месец, апелираат од банката.

      Воедно, апелираме за разбирање од страна на останатите клиенти во овие неколку денови на процесирање на паричните права за социјална заштита за поголема трпеливост и почитување на препораките за лична и колективна заштита.

      Од банката апелираат, клиентите кои ќе ги посетат филијалите на Стопанска банка, да ги следат следните препораки:

      •    Доследно запазување на редоследот на исплата по датум и азбучен ред
      •    Користење на маски или марами и да се одржува меѓусебно растојание од најмалку 2 метри.

      14,794Следи нè на facebookЛајк

      слично