ПОВЕЌЕ

    Средба Божиновска Копман: Пофалби за реформите во енергетиката – Македонија охрабрена за нови проекти

    Време зa читање: 2 минути

    Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денеска оствари работна средба со директорот на Генералниот директорат за Проширување и Источно соседство (DG ENEST) при Европската комисија, Герт Јан Копман, во Брисел.

    На средбата, министерката Божиновска го запозна директорот Копман со досегашната работа на Министерството, со посебен акцент на спроведените реформи, тековните инвестиции во обновливи извори на енергија и плановите за праведна енергетска транзиција.

    „Македонија има јасна визија за модерно, конкурентно и климатски одржливо енергетско портфолио. Работиме паралелно на имплементација на новиот Закон за енергетика, привлекување на инвестиции и искористување на европските инструменти за финансирање“, истакна министерката Божиновска.

    Директорот Копман упати пофални зборови за постигнатото досега и ја поттикна Македонија да продолжи со реформите и да аплицира уште поамбициозно за достапните инструменти на Европската унија.

    Во разговорот беа разгледани и идни можности за продлабочена соработка преку инвестиции во енергетска инфраструктура, поддршка за зелената агенда и зајакнување на институционалниот капацитет во енергетскиот сектор.

    Средбата помина во конструктивна атмосфера и претставува потврда на стратешката определба на Македонија за европска интеграција преку конкретни резултати и реформски процеси во енергетиката.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично