Подгответе се денеска за она што ќе го сакате утре. Влогот во сѐ што значи безбедна и среќна иднина не прави поголеми, поуспешни, повредни.
Со цел да го истакне штедењето пари како една од најдоблесните човечки навики за безгрижна иднина, светот безмалку веќе еден век на 31 октомври го одбележува Меѓународниот ден на штедењето. Овој ден постои за да не потсети на круцијалното значење на грижата за личната благосостојба. Со штедењето создаваме иднина за себе, за семејството, за околината.
Комерцијална банка е горда што придонесува за иднината на стотици илјади граѓани и на нивните семејства кои своите заштеди ги имаат вложено во банката. Нашата мисија е создавање и негување добри навики за штедење, а нашата цел е задоволни и среќни штедачи.
За создавање навики за штедење од мали нозе се грижи нашата Верверичка, која секој новоотворен детски штеден влог го наградува со касичка за штедење пари. По повод Денот на штедењето, Верверичката и оваа година обезбеди подарок – штедна книшка со паричен влог од 5.000 денари за секое новороденче на 31 октомври. Верверичката на Комерцијална банка е верна другарка на дечињата и ги учи дека штедењето е „Навика права за иднина здрава“.
Иднината зависи од влогот денеска. Дозволете да ве водат добрите навики во создавањето поздрава и повесела иднина за вас и за вашите најмили.