ПОВЕЌЕ

    Со емисија на 33.108 обични акции Номагас ќе ја зголемува основната главнина

    Време зa читање: < 1 минутa

    Номагас ќе издаде втора емисија од 33.108 обични акции. Номиналната вредност е сто евра по акција. Вкупниот номинален износ е 3.310.800 евра, што е противвредност на 204.255.501,96 денари.

    Акционерското друштво во државна сопственост за вршење енергетска дејност пренос на природен гас одобрението за издавање втора емисија долгорочни хартии од вредност го доби од Комисијата за хартии од вредност, а решението е донесено на последната седница.

    Друштвото издава хартии од вредност заради зголемување на основната главнина, односно за создавање услови за непречено функционирање.

    Зголемувањето на основната главнина со нови влогови се врши по пат на приватна понуда наменета за познат купувач, постојниот единствен акционер – Владата, како институционален инвеститор.

    Номагас е релативно нова компанија формирана со спојување на НЕР и АД Гама, со основачки влог од 58.357.000 евра, односно 583.570 акции со номинална вредност од по сто евра. Стопанисува и оперира со целата преносна мрежа во државата, вклучувајќи ги и интерконекциските водови кон соседните држави.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично