Собранието на Македонската банкарска асоцијација и оваа година додели благодарници за особен придонес во работата на Асоцијацијата.
Благодарници за својата работа во 2021 година добија и вработени од Стопанска банка:
– Бојан Стојаноски претседавач на Комисијата за финансиско реструктурирање на корпоративен долг,
– Глигор Пандиловски претседавач на Комисијата за спречување перење пари и усогласеност со прописи, а
– Признание доби и Ратка Тирицовска за придонес во работењето на Македонска банкарска асоцијација во областа на маркетинг и односи со јавноста.
Им благодариме на колегите за своето несебично учество во работата на Македонската банкарска асоцијација со што Асоцијацијата расте и се развива остварувајќи ја својата зададена цел.
Благодарниците ги врачија Претседателот на МБА Маја Стевкова Штериева заедно со Потпретседателот Тони Стојановски во просториите на МБА на 29.12.2021