ПОВЕЌЕ

    Скопски Пазар со зголемени приходи но намалена добивка

    Време зa читање: 2 минути

    Скопски Пазар АД Скопје за периодот Јануари – Септември 2022 година оствари позитивен финансиски резултат искажан во неревидиран и неконсолидиран Биланс на успех.

    Градежните објекти кои се состојат од магацински и деловен простор, дадени под оперативен наем се класифицирани во недвижности за изнајмување по пат на пренос, согласно нивната пренамена. По првичното признавање како недвижности за изнајмување, овие средства се признаени по нивните објективни вредности, кои претставуваат пазарни вредности, утврдени од страна на надворешни проценители со соодветно искуство. Разликата помеѓу претходно евидентираната вредност и објективната вредност се третира во согласност со МСС 16 како ревалоризациона резерва во рамките на капиталот на Друштвото. Последователното мерење на градежните објекти (магацински и деловен простор) кои се издаваат под оперативен наем, кои се иницијално признаени по моделот на објективна вредност, се врши со повторна проценка на нивната објективна вредност на секој датум на билансирање. Добивката или загубата која произлегува од промената на објективната вредност се признава во добивката или загубата во периодот во кој настанала согласно МСС 40.

    Остварени вкупни приходи во периодот Јануари – Септември 2022 година изнесуваат 232.577 илјади денари и во споредба со остварените во истиот период во 2021 година бележат зголемување од 8%.

    Скопски Пазар АД Скопје за периодот Јануари – Септември 2022 година остварил добивка од 53.731 илјади денари, што преставува намалување од 17% во однос на истиот период од минатата година.

    Вкупните расходи за периодот Јануари – Септември 2022 година изнесуваат 178.846 илјади денари и во споредба со остварените во истиот период во 2021 година бележат зголемување од 19%.

    На редовното Годишно собрание одржано на 31.05.2022 година не беше донесена одлука за исплата на дивиденда за 2021 година.

    Согласно одлуките на Годишното собрание на акционери, остварената нето добивка за 2021 година на износ од 66.603.425 денари се распредели за инвестиции согласно одлуката за распределба на добивката.

    Во 2022 година е продолжено со имплементирање на планираните инвестиции во објектите со кои стопанисува Друштвото.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично