ПОВЕЌЕ

    Силна порака на словеничкиот говорник Смиљан Мори: Корона! Паниката е полоша од болеста! Заедно можеме да го спречиме ширењето на вирусот

    Време зa читање: 3 минути

    Статусот на словенечкиот мотивациски говорник кој е добро познат и кај нас, Смиљан Мори, ги смирува своите следбеници на својата Фејсбук страница, на која секојдневно ги изнесува своите мислење со случаите околу Корона вирусот, изјави Kurir.rs

    „Голем број луѓе денес се грижат за Корона вирусот и како подобро да се заштитат од него! Секако дека е потребно да се почитуваат сите потребни мерки на опасност и да се внимава на своето здравје, здравјето на семејството и на сите луѓге. Заедно сме посилни“, наведе Мори. Заедно можеме да го спречиме ширењето на вирусот.

    Овој статус, кои ги воодушеви и смири сите го пренесуваме во целост

    Коронавирус…паника?

    Драги мои, добра Ви вечер!

    Како сте? 😊 Сите се најдовме во заеднички хаос и сега е време да…

    СЕ СМИРИМЕ!

    Без оглед на сериозноста на ситуацијата, паниката нема да ни помогне. А токму тоа сега секаде се случува. Масовно купување на производи, читање на вести на секои 5 минути, следење на бројките…Имате ли корист од тоа?

    Секако дека е неопходно да ги следите потребните насоки и мерки на безбедност. Немојте да се собирате во големи групи, водете сметка за хигиената и правете се што е потревно. Но, не е во ред да се ставате под уште поголем стрес, кој докажано е дека лошо влијае на имунолошкиот систем и одлуките кои ги носиме.

    Смирете се! Направете се што можете за да се заштитите себе и семејството. Но не заборавајте и на солидарноста и љубезноста. Во сегашната ситуација тоа е најважно.

    Многу држави ги затворија училиштата и јавните установи. Па и нашата. Ова време можеме добро да го искористиме за:

    • Прошетка во природа
    • Разговори со семејството
    • Заеднички проекти во домот
    • Играње со децата
    • Креативност
    • Читање
    • Он-лине едуцирање
    • Почеток на финансиска едукација
    • Медитирање и визуелизирање на подобра иднина.

    Не мислам дека е исправно ова да се случува. Секако дека не е, и моите мисли се со сите кои се болни и им посакувам се најдобро. Но можеби дојде време да се разбудиме себе си, да сопреме на кратко и да ги преиспитаме своите приоритети. Еден од најголемите е заштитата на семејството…

    Нередвидливи работи брзо се случуваат нели? Размислете за тоа што можете да направите како би го заштитиле своето семејство во многу области (здравје, образованите, финансии…)

    На сите вам ви посакувам се најдобро! Следите ги насоките но немојте да паничите! Така и себе си и на останатите само ќе им ја влошите ситуацијата!

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично