ПОВЕЌЕ

    Сајкоски: Масовно излезете и гласајте за Александар Јовановски, за развој и напредок на Кичево

    Време зa читање: 2 минути

    На вечерашниот мини-митинг во општина Кичево, во рамки на вториот круг од локалните избори кои ќе се одржат на 2 ноември, се обрати генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Ѓорѓија Сајкоски кој упати порака за масовна излезност на 2 ноември за глас на  кандидатот Александар Јовановски, за развој и напредок на Кичево.

    „Почитувани, ни останаа уште неколку денови до она за коешто работевме долг период. Ни останаа уште 3-4 дена до 2, денот кога треба да излеземе масовно како што излеговме на овој плоштад, да кажеме не за не работата, не за неморалот, не за кандидатот којшто не посрамоти. И да кажеме да за оној којшто сака, којшто може и којшто треба да сработи за нашата општина, да кажеме да за Александар Јовановски за иден градоначалник на Кичево”, рече Сајкоски.

    Сајкоски ги повика и оние граѓани кои живеат во дијаспората да го дадат својот глас за бројот 9, за да има подобри услови, кои ќе донесат подобар живот за кичевчани.

    „Сакам кратко да порачам и за оние коишто сакаат и се спремаат да доаѓаат од странство. Почитувани, многу ве почитуваме и секогаш нашата врата е отворена за вас, но нашите деца 265 дена дишат нечист воздух, нашите деца 365 одат по калливи улици, нашите деца и ние со нашите автомобили се движиме низ фекалии во населбите од нашиот град. Затоа и вие придружете се кога ќе дојдете тука во Кичево, гласајте за број 9, гласајте за Александар Јовановски, гласајте за победничката опција во Република Македонија”, вели Сајкоски.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично