Сава пензиско друштво а.д. Скопје има единствена дејност на управување со Отворен задолжителен пензиски фонд Сава пензиски фонд и Отворен доброволен пензиски фонд Сава пензија плус и нивно претставување пред трети лица како и други дејности поврзани со управувањето со фондовите.
Визија: Посветено работиме и градиме Друштво кое е препознаено по грижата за своите членови, транспарентноста и високите морални вредности, како и по својата активна улога во одржливоста на пензискиот систем, човечката околина и општеството во целина.
Мисија: Обезбедување на финансиска сигурност и одржлива иднина за нашите членови, нашите вработени, нашите партнери и нашите сопственици. Преку раст на вредноста на пензиските заштеди се стремиме да обезбедиме соодветна пензија за нашите членови. На вработените им овозможуваме професионален и личен развој, а на сопствениците соодветен поврат на капиталот. Преку одговорно работење ние креираме вредност за општеството.
Вредности
- Високи стандарди за корпоративно управување базирано на принципите на посветеност, одговорност, транспарентност и етика.
- Трајно партнерство со членовите базирано на едукација, етичко работење и доверба.
- Високи професионални стандарди, корпоративни вредности, компетенции во управувањето со инвестициите и ризиците, обезбедување на фидуцијарна одговорност на сите нивоа, силни внатрешни контроли и ревизија.
- Добрата работна средина, културата на нашите вработени и нивниот континуиран професионален и личен развој се предуслов за градење на нашиот тим.
Кодекс за добро корпоративно управување
САВА ПЕНЗИСКО ДРУШТВО ГО ЗАЈАКНУВА ТИМОТ СО УСПЕШНИ ПРОФЕСИОНАЛЦИ: KEY ACCOUNT MANAGER – УПРАВУВАЧ СО ПОРТФОЛИО НА КЛУЧНИ КЛИЕНТИ И ПРОДАЖНИ КАНАЛИ
Опис на работните задачи:
- Водење на продажни тимови за пензиско осигурување,
- Формирање на нови канали за продажба
- Вршење работи на маркетинг на пензиските фондови и склучување на соодветни договори;
- Контактирање со потенцијални членови и закажување на состаноци;
- Грижа за членови на пензиските фондови;
- Едукативни активности;
- Склучување на договори за исплата на пензија и пензиски надоместоци;
- Изработка на извештаи
- Други активности по барање на претпоставените во делокруг на активности на маркетинг на пензиски фондови со кои управува Сава пензиско друштво а.д. Скопје.
Потребни квалификации:
- Работно искуство од минимум 2 години во продажба
- Искуство во водење на продажни тимови
- Завршено најмалку средно образование;
- Познавање на Excel, Word, Power Point;
- Поседување возачка дозвола Б категорија;
- Комуницикациски вештини;
- Дополнително, ќе треба да стекне лиценца за агент за вршење на работи на маркетинг на Капитално Финансирано Пензиско Осигурување.
Сава пензиско друштво а.д. Скопје нуди:
- Исклучителна работна средина и висока работна култура;
- Интересна и динамична работа;
- континуиран професионален и личен развој со силна поддршка од друштвотo;
- Работно време 40 часа неделно, секој работен ден од понеделник до петок од 08-16 часот;
- Конкурентна, сигурна и редовна фиксна плата + варијабилен дел, со можност за одлична заработка;
- Приватно здравствено осигурување;
- Исплата на регрес за годишен одмор и Новогодишен надомест со поединечен износ од една просечна плата;
Дополнителни информации
За да аплицирате доставете ја Вашата лична биографија на следната адреса: [email protected] најдоцна до 05.11.2022 година.
Друштвото ќе постапи со пристигнатите пријави во согласност со Законот за заштита на личните податоци.