ПОВЕЌЕ

    РЕС ЈА ЗАЦВРСТУВА ЛИДЕРСКАТА ПОЗИЦИЈА ВО СНАБДУВАЊЕТО СО ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА НА ПРИВАТНИОТ Сектор

    Време зa читање: < 1 минутa

    Компанијата РЕС (Renewable Energy Supply), во ко-сопственост на групацијата Централ Инвест, на македонскиот стопанственик Кочо Анѓушев и бугарската компанија КЕР Токi, по спроведената кампања во летните месеци, ја зацврсти лидерската позиција на пазарот и останува најголем снабдувач со електрична енергија на приватните фирми во земјата.

    Само во овие три месеци, РЕС потпиша договори со нови 70 компании и сега снабдува преку 370 стопански субјекти, кои се економскиот двигател на македонското општество и кои преку РЕС ќе трошат околу 600 GWh електрична енергија годишно.

    РЕС продолжува да креира понуди за снабдување според потребите на клиентите, а како огромна предност клиентите ја истакнуваат можноста снабдувањето да биде од обновливи извори на  енергија, со што се заштитува животната средина и се обезбедува одржливост и стабилност во снабдувањето. Ова е особено важно затоа што зелената енергија е значаен чинител за извозно ориентираните фирми, каде на странските пазари како важен фактор се зема изворот на електричната енергија која имала удел во производството.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично