Економското закрепнување на глобалната економија поттиа закрепнување и на глобалната побарувачка на челик што поволно влијаеше на подобрувањето на пазарните услови и на производителите на челик и челични производи. Под влијание на зголемената побарувачка на челик и цените почнаа да бележат нагорен тренд, но со оглед на едновременото зголемување на цените на влезните материјали и суровини, ова не се преточи во значајно зголемување на просечната профитна маржа на компаниите производители на челик. Значителен број од производите на челик се уште се соочуваат како со финансиски предизвици, така и со зголемување на цените на енергенсите, под влијание на тековната енергетска криза. Реактивирањето на инвестициските проекти од страна на деловните партнери од Западна Европа како и Турција, придонесоа за зголемување на побарувачката на челични производи, а добрата компаниска координација придонесе да се успее да се одговори на сите договорени обврски.
Макстил АД – Скопје за периодот јануари – септември 2021 година оствари позитивни финансиски резултати искажани во неревидираните поединечни финансиски извештаи.
Отвореното производство на дебели лимови во трите квартали на 2021 во производниот погон Валавница изнесува 201.780т. што споредено со 172.535т во истиот период на 2020 претставува зголемување од околу 17%, додека во однос на поставениот производен план за првото полугодие од годинава (200.822т.) претставува зголемување од 0,5%. Оствареното производство на сопствен челичен полуфабрикант, челичански слабови во извештајниот период е 219.067т. што споредено со 125.539т. во 2020 претставува зголемување од 74,5%, и е на иста линија со планираното производство за годината (219.000т.).
Реализација на топловалните дебели лимови во количински показатели за првите девет месеци од годинава изнесува 203.072т., што споредено со 177.579т. истиот период од минатата година претставува зголемување од 14,3%.
Во извештајниот период се остварени приходи од работењето во износ од 4,64 милијарди денари, од кои приходите од продажби како носечка ставка во структурата на вкупните приходи учествуваат со дури 98,8%. Споредено со истиот периодод 2020 остварените приходи од работењето (3,04 милијарди) се повисоки за 66,4%. Останатите деловни приходи во првото полугодие на оваа година изнесуваа 42,2 милиони денари, споредено со истиот период лани кога беа во износ од 48,5 милиони денари.
Во првите девет месеци од работењето остварените расходи изнесуваа 3,75 милијарди денари, од кои трошоците за производство се носечка ставка и во структурата на вкупните расходи учествуваа со 94%. Сопоредено со истиот период во 2020 година остварените расходи од работењето (2,71 милијарди денари) се повисоки за 38%, што воглавно се должи на зголемениот обем на производство во текот на овој период, особено на производството на слабови во производниот погон Челичарница, како и зголемување на трошоците на влезните материјали и енергенси.
Добивкат пред оданочување во извештајниот период е 562 милиони денари и е повисока од остварената во истиот период од 2020, додека нето добивката изнесува 505 милиони денари и е повисока од остварената за истиот период во минатата година. Зголемувањето на добивката воглавно се должи на порастот на цените на нашиот готов производ, како и на зголемениот обем на производство на слабови и зголемениот обем на продажба на топловалните дебели лимови.
Во овој период компанијата нема извршена исплата на дивиденди по акција заради пренесени загуби од претходниот период.
Сметководствените политики и методи на вреднување на позициите во финансиските извештаи на Макстил АД, во текот на предметниот период од 2021 не се променети.
И во текот на трите кварталнии од 2021 година реализирани се поголем број на нови инвестиции, а компанијата продолжува и со инвестициски активности за одржување во кондиционата спремност на инсталираната опрема и производните линии, како и за подобрување на безбедноста при работа во износ од 148,3 милиони денари.
Какви се очекувањата на менаџментот на Макстил за последниот квартал од 2021 година?