ПОВЕЌЕ

    Профитот на JP Morgan ги надмина очекувањата на аналитичарите

    Време зa читање: 2 минути

    Инвестициската банка JP Morgan Chase објави дека во последниот квартал од 2021 година остварила профит што ги надминува сите очекувања на аналитичарите, остварен по основ на полза од кредитни загуби, кои беа подобри од очекувањата откако беше почувствуван пораст на кредитирањата за деловниот сектор. Акциите на заемодавачите пред отворање на тргувањето паднале за 4,2 отсто. Од инвестициската банка JP Morgan Chase соопштија дека биле остварени 1,8 милијарди долари нето добивка откако беа ослободени резерви за кредитни загуби кои никогаш не биле материјализирани, но без зголемување од 47 центи по акција, заработувачката би била 2,86 долари од акција, пишува CNBC.

    Овој заемодавач за годинава очекува пораст на трошоците од осум проценти, на околу 77 милијарди долари, како резултат на притисоците предизвикани од инфлацијата, како и инвестиции во вредност од 3,5 милијарди.

    Приходите на компанијата квартално пораснале за само еден процент, на 30,35 милијарди долари поради тоа што успорениот прилив на приходи на пазарот бил надоместен со зголемување на наплатата за инвестициското банкарство.

    Некаматните расходи пораснале за 11 отсто, на 17,9 милијарди долари поради растечките трошоци на компензација, соопштија од банката, што е повеќе од очекуваните 17,63 милијарди долари, кои ги предвиделе анализите на компанијата FactSet.

    Оваа инвестициска банка минатиот месец мораше да плати казна од 200 милиони долари по основ на обвинение дека нивни претставници на Вол Стрит користеле мобилни апликации за допишување со цел да ја забошотат законската обврска за бележење на податоците.

    На почетокот на годинава вредноста на акциите на JP Morgan банката пораснале за 6,2 отсто, што претставува заостаток од 11,6 проценти зад порастот на индексот на KBW Bank.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично