ПроКредит банка вработува: Советник за клиенти – правни лица
ПроКредит е развојно ориентирана банка. Нудиме висококвалитетна услуга за мали и средни претпријатија, како и за физички лица кои имаат можност да штедат и кои преферираат банкарска услуга преку електронски канали. Во нашето работење се придржуваме до неколку основни принципи: вреднуваме транспарентност во комуникацијата со нашите клиенти, не промовираме потрошувачки кредити, се стремиме со нашето работење да придонесеме за зачувување на животната средина и нудиме услуги кои се темелат на разбирање на потребите на секој индивидуален клиент и на добра финансиска анализа.
Што нудиме:
- Предизвикувачка работна средина и можност за професионален и личен развој
- По вработувањето се започнува со процес на воведување во институцијата, преку ProCredit Onboarding Programme
- Инвестиција во повеќе видови на обуки, курсеви за специфични позиции и работилници за стекнување на соодветни вештини и знаења
- Транспарентна платна структура која предвидува фиксна плата
Работни задачи и одговорности:
- Аквизиција на нови клиенти правни лица со цел зголемување на базата на клиенти, како и одржување на висок квалитет на услуга (customer care) на постоечките клиенти
- Одговорност за свое портфолио на клиенти, кое што се очекува да се развива во смисла на пораст на бројот на клиенти, нивни трансакции, кредитна изложеност и слично
- Изготвување на финансиска анализа врз база на сметководствените податоци за правните лица
Кои се нашите идеални кандидати:
- Проактивни, енергични, одлучни „борци“ кои ги делат нашите вредности и нашиот кодекс на однесување без разлика на образование и работно/животно искуство
- Со или без искуство, банкарско искуство не е задолжително
- Добро познавање на Англискиот јазик е предуслов поради тоа што банката е дел од меѓународна групација
- Поседувате желба за учење и постојана надградба
ДОЗНАЈ ПОВЕЌЕ ЗА ОГЛАСОТ [ТУКА]
АПЛИЦИРАЈ ТУКА