ПОВЕЌЕ

    По деценија застој: Универзална сала ќе се реконструира „клуч на рака“, рок до декември 2027

    Време зa читање: 2 минути

    По повеќе од десет години неизвесност, Универзална сала влегува во финална фаза кон целосна реконструкција. Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, објави дека е завршена постапката за избор на изведувач и е донесена одлука за најповолна понуда по јавната набавка за реконструкција по принцип „клуч на рака“. По истекот на законските рокови и потпишување на договорот, ќе започнат градежните активности.

    Според министерот, во изминатата година институциите ги „откочиле“ сите блокади што го следеа проектот: изработена е нова проектна документација, направени се измени на постојниот проект и обезбедени се предуслови за успешна реализација. Рокот за завршување на работите е поставен до декември 2027 година.

    Универзална сала, препознатлив симбол на Скопје, досега има регистрирано над 5.000 настани и повеќе од 5,8 милиони посетители. Со најавената реконструкција, објектот повторно треба да стане централна сцена за културни настани и собирање на граѓаните. Планирано е салата да биде дел и од програмата „Скопје – Европска престолнина на културата 2028“.

    Љутков упати благодарност до сите инволвирани во процесот и порача дека обновената Универзална сала ќе го врати културниот ритам на градот. Институциите најавуваат навремено информирање за следните чекори, вклучително и потпишувањето на договорот и стартот на градбата.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично