ПОВЕЌЕ

    ПОМАЛКУ ТРОШЕТЕ ГАС ИЛИ СООЧЕТЕ СЕ СО БРУТАЛНА ЗИМА- Шефот на Меѓународната Агенција за енергетика (ИЕА) ја предупреди Европа!

    Време зa читање: 4 минути

    „Русија не‘ уценува. Русија ја користи енергијата како оружје“, изјави во средата претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен. „И затоа, во секој случај, без разлика дали тоа е делумно големо прекинување на рускиот гас или целосно прекинување на рускиот гас, Европа треба да биде подготвена“.

    За размерите на сегашната енергетска криза, и што може да донесе иднината, реномираното списание Форин Полиси разговараше со Фатих Бирол, извршен директор на Меѓународната агенција за енергија ИЕА.  „Во контекст на природниот гас, но и за нафтата, ни претстојат тешки месеци. Во многу делови од светот, особено во Европа, оваа зима може да биде предизвикувачка, бидејќи енергетските политики на Европа, според мене, погрешно се потпираат на рускиот увоз на енергија на непропорционално ниво, на многу високо ниво“, вели Бирол. „Со користење на енергијата како оружје од страна на Русија, Европа, а со тоа и различни делови од светот, може да имаат тешка зима. А кога ќе ги погледнете бројките, можеби сепак ќе треба да ја намалиме потрошувачката на гас во Европа, на значително ниво, во спротивно ќе биде многу тешко за Европа да ја помине зимава“, додаде тој.

    „Дури и ако дел од рускиот гас би течел од Северен тек 1 до цела Европа, можеби ќе треба да ја намалиме употребата на гас. Не можеме да го решиме овој проблем без да ја намалиме употребата на гас во Европа. Дополнителните испораки, достапните испораки на гас од други земји, без разлика дали се Норвешка или Азербејџан, нема да бидат доволни“, додава директорот на ИЕА.

    Прашан дали планот на Европската Унија за рационализирање на гасот е потег во вистинската насока, Бирол со одговор: „Ова е многу во согласност со она што го предложивме и се надевам дека ова доброволно намалување од 15 проценти ќе биде доволно за да ја поминеме зимата. Но, верувам дека можеби ќе има потреба да се оди на дополнителни намалувања кога ќе дојдеме кон зимата. Колку подоцна се движиме во однос на намалувањето на потрошувачката на гас, толку подрастични мерки можеби ќе треба да преземеме кога се ближиме до зимата“, додаде шефот на ИЕА.

    ГЛОБАЛНАТА ЕНЕРГЕТСКА КРИЗА ПОГОЛЕМА ОД СИТЕ ПРЕТХОДНИ

    „Најзначајните енергетски кризи пред оваа сегашната беа двете последователни нафтени кризи во 70-тите. Но, овој пат не е само нафтата – тоа е нафта, гас, јаглен, струја. Го опфаќа целиот енергетски сектор. Причините се едноставни: до 24 февруари Русија беше број 1 извозник на нафта во светот, број 1 извозник на природен гас во светот и главен играч на пазарите на јаглен. По инвазијата, видовме дека она низ што минува светот денес е голема, можеби и прва, глобална енергетска криза во однос на нејзината длабочина и според нејзината сложеност“, вели Бирол, кој додава дека на светот ќе му треба значително време да ја преброди оваа глобална енергетска криза.

    Се разбира, во споредба со 1970-тите, ние сме и малку среќни бидејќи, за разлика од 1970-тите, имаме некои лесно достапни опции кои можеме да ги искористиме повеќе, како што се обновливите извори на енергија, многу поевтини сега во споредба со 1970-тите. Имаме електрични автомобили, имаме нуклеарна енергија, имаме различни опции. Друга разлика помеѓу сега и 1970-тите е тоа што многу земји ширум светот имаат обврски за климата да бидат во согласност со нивните цели во Париз. Така, од една страна, има некои сличности со 1970-тите.

    Но, од друга страна, постои поинаква природа на енергетската криза што ја имаме денес. Важно е да се забележи, рече Бирол, дека во 1970-тите, како и денес, нафтената криза не само што ги зголеми бројките на инфлацијата и го доведе светот до економска рецесија, туку и големи подобрувања во енергетските технологии.

    Првиот човек на ИЕА, исто така, потсети: „Кога зборуваме за високата енергетска криза, меѓународното внимание се фокусира главно на Европа, а понекогаш и на Северна Америка. Но, земјите кои страдаат најмногу се земјите во подем, бидејќи тие се, од една страна, соочени со високите цени на енергијата, а од друга страна, нивните валути се послаби и минуваат низ многу тешки времиња. Африканските земји, субсахарските африкански земји. Во последните 10 години бројот на луѓе кои немаа пристап до електрична енергија се намалуваше и покрај растот на населението.  Но, како резултат на економската криза и енергетската криза, првпат гледаме, за жал, бројот на луѓе кои немаат пристап до електрична енергија се зголемува. Тие земји се под тежок товар како резултат на руската инвазија на Украина и им треба посебно внимание од меѓународните економисти“, смета Бирол.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично