Комерцијална банка ги известува клиентите дека од 05.09.2022 повторно е отворена експозитурата „Ист Гејт мол“, во која за клиентите е достапна широка понуда на производи и услуги на шалтерите и во дигиталната зона 24/7.
Од денеска, работното време на експозитурите „Чешма“, „Кјуби“, „Ново Лисиче“ и „Водњанска“, како и на филијалата во Охрид е од 8 до 16 часот.
Секако, клиентите може да ги извршат своите финансиски трансакции и преку дигиталните канали Интернет банка, мБанка и KomPay, широката мрежа на банкомати и во дигиталните експозитури на Комерцијална банка, кои им се на располагање 24/7.