Повратот на ДДВ работодавачите го добиваат со големо задоцнување, вели во своето вечерашно гостување во емисијата „Економски Магазин“ на Алсат, претседателката на Организација на работодавачи, Владанка Трајковска.
„Имаме доцнење и по една година, затоа што Управата за јавни приходи ја користи можноста да најави контрола во однос на повратот на ДДВ и контролата да не дојде во компаниите по година, година и пол и компаниите да ги чекаат тие пари, кои ги вложиле, а и тоа како се важни за нивното работење“, вели Трајковска.