ПОВЕЌЕ

    Пензија од три извора, дава поголема сигурност за пензионерските денови!

    Време зa читање: 2 минути

    Сандра Кирков: „Времето е ресурс што не се обновува и не може да остане во наследство за разлика од парите.“

    Сегашноста во моментов ни е најважна, но за да имаме стабилна иднина мора сега да ги донесеме правилните одлуки. Секако дека ни е рано за пензија, но не ни е рано на време да си ги знаеме информациите.

    Дали сте знаеле дека нашиот пензискиот систем се дели на три столба, и тоа:

    • Прв столб – задолжително пензиско и инвалидско осигурување врз основа на генерациска солидарност,
    • Втор столб – задолжително капитално финансирано пензиско осигурување,
    • Трет столб доброволно капитално финансирано пензиско осигурување.

    Најважно е да знаеме дека со нашето прво вработување веќе стануваме дел од пензискиот систем. Значи нашите идни пензии ќе се обезбедуваат од три извори: од државниот пензиски фонд (прв столб) и од приватните пензиски фондови (втор и трет столб). Првиот и вториот столб се задолжителни, а третиот столб е доброволен пензиски столб.

    Од секоја наша плата се издвојуваат придонеси кои се делат во првиот и вториот пензиски столб. Парите кои одат во првиот столб служат за исплаќање на сегашните пензионери.

    За нас младите, од ова гледиште најмногу не интересираат средствата кои се уплаќаат во вториот пензиски столб и тоа на наша индивидуална сметка. Тоа се средства кои понатаму се инвестираат и се акумулираат на нашата индивидуална сметка, управувана од пензиското друштво кои сами сме го избрале. На овој начин си обезбедуваме поголема сигурност, бидејќи финансирањето на нашите идни пензии ќе се врши од два столба.

    Сега сигурно се прашувате, а што е со третиот столб?

    Третиот столб е капитално финансирано пензиско осигурување, но на доброволна основа.

    За сите оние кои сакаат да си обезбедат повисока пензија треба да го изберат овој столб. Во доброволниот столб, уплаќаме кога сакаме и колку сакаме. Штедиме за дополнителен приход за сигурни пензионерски денови. Средствата уплатени на наша индивидуална сметка во доброволен пензиски фонд се инвестираат и се акумулираат.

    Пензија од три извора, дава поголема сигурност за пензионерските денови!

    Не чекај, обезбеди си ги на време!

    Информирај се повеќе на www.mapas.mk или на www.penzija.mk

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично