ПОВЕЌЕ

    ,,ПАРИ” ДЕНЕС: ДОЛАРОТ СКОКА КРИПТОТО ПАЃА – ЕУ КРЧКА НОВИ САНКЦИИ ЗА РУСИЈА а за нас тешки времиња доаѓаат

    Време зa читање: 3 минути

    Американскиот долар се искачи на новото највисоко ниво во последните две децении во средата, откако Русија соопшти дека мобилизира 300.000 воени резерви во ескалацијата на војната во Украина. Оваа вест, спротивно влијаеше на евротот. Растот на доларот влијае и на останатите валути.

    Сериозниот скок на доларот во однос на еврото значително ќе го поскапи и домашното задолжување. Вредноста на европската валута е на рекордно најниско ниво во последните дваесет години, а доларот го достигна врвот.

    Домашните екперти за Телма велат дека ваквата состојба со двете валути е добра за домашните извозници, лоша за увозниците, но ќе повлече и поскапување на парите на меѓународните пазари, од каде се очекува македонската влада да црпи средства за покривање на тековните обврски и буџетскиот дефицит.

    ДОЗНАЈ: ДОЛАРОТ СКОКНА НА НАЈВИСОКО НИВО ВО ПОСЛЕДНИТЕ 20 ГОДИНИ- Која е причината?

    Додека доларот руши рекорди, последните седум дена се црвени за Биткоинот и Етерот.

    Биткоинот е на вредност 19 300 УСД, додека Етерот е 1 330 УСД

    Тешки времиња доаѓаат. МАКЕДОНСКАТА ВЛАДА ПЛАНИРА ПОГОЛЕМИ ДОМАШНИ ЗАДОЛЖУВАЊА

    Македонската влада и во наредниот период ќе има високи буџетски дефицити. Планира и полека да го намалува задолжувањето во странство, а да го зголемува се повеќе дома. Банкарскиот сектор се уште може да ја финансира државата, без да се намали способноста за кредитирање на фирмите и на населението. Сепак, Народната Банка почна да го поскапува домашното кредитирање и да праќа порака до банките, но и до Владата, да бидат внимателни околу кредитирањето и задолжувањата.

    Наредната, 2023 година, Министерството за финансии и Владата планираат ново нето задолжување кое би било максимално до 850 милиони евра. Ако се реализира овој план кој е објавен во последната Стратегија за управување со јавниот долг 2023 – 2025 година, четврта година по ред, почнувајќи од 2020, буџетскиот дефицит, односно парите кои државата ги троши, а кои што ги нема и ги обезбедува преку нови задолжувања, ќе биде над 650 милиони евра.

    ЧИТАЈ АНАЛИЗА: Граѓаните дупло ќе ги финансираат долговите на владата

    ЧИТАЈТЕ УШТЕ И:

    КЛИНИЧКА БОЛНИЦА ШТИП ДОБИ РАЗВРСКА – СЕ РЕШИ СЛУЧАЈОТ ВРЕДЕН НАД 2 МИЛИОНИ ЕВРА

    „Адора“ е подготвена да ги продаде топланите во Скопје доколку ги наплати побарувањата

    ММФ ПРЕДУПРЕДУВА: ЌЕ ИМА МАСОВНИ ПРОТЕСТИ

    ГЕРМАНСКИОТ БРЕНД ЗА ГРЕЕЊЕ, ЛАДЕЊЕ И ВЕНТИЛАЦИЈА VAILLANT ОТВОРИ ПРЕТСТАВНИШТВО ВО МАКЕДОНИЈА

    Нова #РамкаЗаПомош на НЛБ Групацијата: 100.000 евра за поддршка на одржливите идеи од регионот

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично