Комерцијална банка и оваа година е горд поддржувач на „Охридско лето“, еден од најпрестижните културни настани во земјата.
Во текот на своите 65 години постоење, „Охридско лето“ прерасна во симбол на квалитетна уметност, автентично музичко и сценско искуство и уникатен културен амбиент.
Од 12 јули, па сè до 2 август, програмата ќе понуди 40 настани концерти, театарски претстави, изложби и национални вечери, како и присуство на реномирани домашни и странски уметници на три локации – Античкиот театар, Долни Сарај и црквата „Света Софија”.
„Охридско лето“ е посебно затоа што ја носи врвната уметничка сцена во еден од најубавите и најинспиративни градови – Охрид. Овој фестивал живее со публиката и секое лето ја потсетува јавноста на значењето на уметноста како дел од секојдневието.
А, Комерцијална банка со поддршката на овој културен настан не е само партнер на културниот развој, туку и општествено одговорна институција што ги препознава потребите на заедницата во поширока смисла и верува дека вистинската инвестиција е онаа што остава вредност за генерациите што доаѓаат.