ПОВЕЌЕ

    Орце Ѓорѓиевски најави пет приоритетни инфраструктурни проекти за ново Скопје

    Време зa читање: 2 минути

    Кандидадот за Градоначалник на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски заедно со својот тим направи увид на повеќе стратешки локации во Скопје, каде што во следниот период ќе започнат реализација на инфраструктурни проекти кои со години беа закочени. Целта е враќање на функционалноста на градот, растоварување на сообраќајот и подобрување на секојдневниот живот на граѓаните.

    Меѓу приоритетите се издвојуваат:

    • Нова клучка во Хиподром – проект кој ќе овозможи приклучок кон автопатот на источниот дел од градот, што ќе го намали метежот и загадувањето.
    • Кружен тек кај „Тобако 2“ – решение за долгогодишниот сообраќаен хаос и побезбедно движење на возилата.
    • Нов мост кај Вардариште – поврзување на општините Аеродром и Гази Баба, како стратешка инфраструктура, но и симболично приближување на граѓаните.
    • Мостот „Генерал Михајло Апостолски“ – конечно пуштање во употреба на објектот што со години чека да биде завршен.
    • Проширување на булеварот „Александар Македонски“ – со нова трета лента ќе се намали метежот на влезот во градот.

    „Со силно темпо и динамика, какво што досега не сме виделе, ќе му донесеме на Скопје вистински сообраќајни решенија. Решенија кои ќе го направат градот попрактичен, поврзан и подготвен за иднината,“ изјави Ѓорѓиевски.

    Тој додаде дека ова не се само инфраструктурни зафати, туку визија за едно ново Скопје – модерен и функционален град каде што секој кварт е поврзан, сообраќајот е поефикасен, а граѓаните добиваат повеќе време за себе и своите семејства.

    „Скопје ќе добива нов лик – достоинствен град каков што заслужуваат сите скопјани,“ порача Ѓорѓиевски.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично