ПОВЕЌЕ

    Од утре (6-8 декември) започнува саемот „Купи куќа, купи стан“ во Скопје Сити Мол

    Време зa читање: 2 минути
    Од 6-8 декември саем „Купи куќа, купи стан“ во Скопје Сити Мол на кој што граѓаните ќе може да се информираат за субвенциите што ги нуди државата и за понудите од градежните компании и на банките на едно место.

    – Ќе има и преставници од Министерството за финансии за да им помогнат на заинтересираните да го решат своето станбено прашање. Од јуни проектот има значително ппдоброени услови. Каматната стапка од првите три години на ратата е намалена на 2,9 проценти, додека на 3,9 отсто за четвртата и петата година. Се зголемува и субвенционираното учество од 50 на 70 проценти и има поволности за младите до 35 години, рече Ангеловска.

    Таа додаде дека до сега во 2019 има вкупно 97 апликации одобрени, вкупната сума на кредити е 3,6 милиони евра, од кои со 1,1 милион учествува државата.

    – За периодот септември октомври и ноември 61 кредит е одобрен. Од интересот за 2019 одобрени се 71 за станови, 26 за куќи од кои сите се за млади до 35 години. До крајот на годината одобрени се очекува да бидат вкупно 150 кредити. Има поголеми поволности и интересот се зголемува, додаде Ангеловска.

    Таа рече дека 125 милиони денари се планирани во 2020 за овој проект, а според пресметките на министерката, ако еден стан на крајот чини 50.000 евра, држава во таа сума учествува со 12, 5 илјади евра.

    – Каматните стапки се во слободен пад, банките даваат поволни каматни стапки, овој проект влијаеше за поповолни услови и за сите останати граѓани Тековниот проект ќе продолжи и во предизборниот период, секако со позитивно мислење од Антикорупциската комисија, изјави Ангеловска.

    Локалција на саемот „Купи куќа, купи стан“ во Скопје Сити Мол е на главниот влез.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично