ПОВЕЌЕ

    ОДЛИЧНА БИЗНИС МОЖНОСТ: Пријавете се, станете успешен менаџер и развијте го својот бизнис

    Време зa читање: 3 минути

    Заради ефикасно остварување на специфичните интереси на приватниот сектор во насока на унапредување на компетенциите и вештините на високообразовните кадри во согласност со потребите на бизнисот, во Стопанската комора на Македонија од неодамна функционира Совет за унапредување на високото образование.

    Овој Совет има три приоритетни цели кои се состојат во развивање и унапредување на три програми:

    – Клуб на менаџери – претприемништво и лидерство. Со едукативни и други настани кои ќе се реализираат преку воспоставување Школа на бизнис-лидери (почеток на предавањата е од 9 декември).

    – Развој на мали и средни бизниси и старт ап бизниси. Со едукативни и други настани кои ќе се реализираат преку воспоставување Модул за развој на мали и средни бизниси како и Модул за развој на старт ап бизниси (почеток на Модулот за мали и средни бизниси на 9 декември) и

    – Институт за извоз. Со едукативни и други настани кои ќе се реализираат преку воспоставување Школа за продуцирање кадри за зголемување на извозот, со крајна цел формирање Институт за извоз (активностите за Изработка на студија за извоз и Платформа за извоз почнуваат во јануари 2022 година додека со Модулот за зголемување на вештините за извоз се започнува од 1 ноември 2022 година).

    Стопанска комора ги поканува сите заинтересирани претставници на среден менаџмент од големите и средно големите компании да бидат слушатели на првата 6-месечна Програма во рамките на Клубот на менаџери – претприемништво и лидерство која започнува на 9 декември, а која е планирано да заврши на крајот на мај 2022 година. Програмата содржи 7 модули со 60 теми, а предавачи се 50-тина реномирани претставници од бизнис секторот, академската и научна фела со акцент на пренесување на практични искуства.

    Втората програма насловена Развој на мали и средни бизниси се фокусира кон претставниците од виш менаџмент на малите и средни бизниси. Програмата опфаќа 8 модули со 50 теми, кои ќе бидат презентирани од повеќе од 30-тина истакнати предавачи од бизнис секторот, академската и научна фела. Динамиката на реализација започнува на 9 декември и се очекува да заврши на почетокот на јуни 2022 година.

    Кај двете програми предавањата ќе имаат на почетокот краток теоретски вовед на секоја поттема, потоа следат практични примери, искуства и менторски пристап од страна на предавачите, а секој модул се базира на голема интерактивност и вежби по најнови европски и светски трендови. Секој модул трае по 9 часа од кои последните 2 часа се наменети за дискусија и прашања.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично