Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, ги информира производителите на градинарски култури и овчарите дека на нивните сметки исплатени се парите за субвенции.
На сметките на 3.124 сточари кои поднеле барање за директни плаќања за обележани и одгледани овци, исплатени се над 633,4 милиони денари, додека на 10.547градинари исплатени се над 233,4 милиони денари. Ова го соопшти Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој.
Директорот на АФПЗРР, Никица Бачовски, рече дека средствата се обезбедени од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството и оваа поддршка ги следува сите кои правно – законски се стекнале со право на користење на истата.
-По исплатата на градинарите и овчарите, ќе се исплатат и тутунарите кои беа должници за вода или пашарина.Исто така во текот на наредната недела се очекува да се процесираат и исплатите за субвенциите за обележани грла говеда. Вработените веќе работат и на процедурата за дополнување на картичките за субвенционирано гориво за земјоделска механизација или попознато како картички за „зелена нафта, рече Бачовски.
Агенцијата ќе продолжи со обработка на пристигнатите барања за останатите мерки и по нивната обработка ќе се врши исплата.