ПОВЕЌЕ

    НАИТМ ќе привлекува туристи од Словачка

    Време зa читање: 2 минути

    Туристите од Словачка и од централна Европа во догледно време ќе се вбројат меѓу најчестите посетители на Македонија. Најавата доаѓа од Националната асоцијација за дојдовен туризам на Македонија НАИТМ, по потпишаниот меморандум за соработк со Словачката асоцијација за туризам SACKA. Меморандумот е потпишан од претседателите на двете асоцијации Влатко Сулев и Роман Беркеш.

    Веќе во септември 15 претставници од најзначајните словачки тур-оператори ќе ја посетат државата и преку организирана едукативна тура ќе се запознаат со туристичките можности. Возвратна посета ќе следи потоа, до крајот на годината.

    Инаку, меморандумот предвидува преземање конкретни чекори за продлабочување на соработката помеѓу туристичите сектори од Македонија и Балканот од една, и Словачка и централна Европа од друга страна.

    Од НАИТМ посочуваат дека со Словачка имаме пријателски релации, сличен јазик, култура и многу слични карактеристики. Како голема предност за развој на меѓусебната туристичка соработка ја истакнуваат одличната авионска поврзаност со Братислава и аеродромот во Виeна, кој е на само 50-на километри од Братислава.

    Соработката на туристичките сектори е поттикната од македонската амбасада во Словачка.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично