ПОВЕЌЕ

    Наградата „Новите“ за дебитантски прозен ракопис слави полнолетство со поддршка од Комерцијална банка

    Време зa читање: 2 минути

    Со финансиската поддршка од Комерцијална банка, годишната награда „Новите“ за најдобар дебитантски прозен ракопис оваа година слави полнолетство.

    Традиционално, по 18-ти пат, Комерцијална банка е ексклузивен спонзор на наградата „Новите“, која годинава ја доби Игор Раиден за неговиот ракопис „Издигнување“.

    Оваа исклучително значајна и вредна награда за збогатување на македонското прозно творештво ја доделува книгоиздателството „Темплум“. Преку оваа награда, исто така, се промовираат и домашните автори кои допрва ќе ја освојуваат читателската публика.

    Комерцијална банка како ексклузивен спонзор на наградата „Новите“ обезбедува парична награда за лауреатот и средства за печатење и објавување на награденото дело.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично