Доколку имаш амбиција да работиш маркетинг во успешна финансиска компанија и имаш интересно искуство во маркетингот, те покануваме да станеш дел од нашиот маркетинг тим!
Ти нудиме можност да учествуваш во креирањето на маркетинг стратегиите за цел спектар банкарски производи и услуги, да придонесуваш во одржувањето и развојот на еден од најпознатите домашни брендови, да работиш на креирање нови производи и понуди за нашите клиенти, да развиваш комуникациски кампањи преку сите современи канали и алатки и да иницираш и организираш општествено одговорни проекти.
Доколку се пронаоѓаш во овие можности, те поттикнуваме да аплицираш на овој оглас.
Работна позиција: Соработник за маркетинг комуникации.
Тип на вработување: определено време од 12 месеци, со можност за продолжување на Договорот за вработување.
Работно време: 40 часа неделно.
Почетна основна нето-плата: 34.170,00 денари.
Огласот важи до 24.03.2023 година.
Работни цели и задачи:
- Реализација на маркетинг кампањи на Банката – брифирање и комуникација со маркетинг агенција, оцена на стратегиски и креативни предлози од агенцијата, следење на реализацијата на кампањите и остварените ефекти;
- Управување со активности на социјалните мрежи и дигиталните канали;
- Учество во креирање маркетинг планови и буџети;
- Истражување на пазарот, следење на најновите трендови во маркетингот, финансиите, дигиталните медиуми;
- Давање предлози за нови или модификации на постојните производи, услуги и канали, предлози за комуникациски активности и за зголемување на задоволството на клиентите;
- Одржување на веб страницата на Банката, SEO и работа на зголемување на нејзиниот сообраќај;
- Спроведување спонзорства и донации на Банката;
- Организирање настани и промотивни презентации;
- Обработка на понуди од медиуми и соработници;
- Тековна комуникација со маркетинг агенција, координирање на активности за нарачки и дистрибуција на промотивни материјали итн.
Потребни квалификации и способности:
- Завршено високо образование со најмалку 180 кредити според (ЕКТС) или VII-1 степен (ќе се смета за предност Економски факултет од областа на маркетинг или е-бизнис);
- Најмалку 3 години работно искуство (ќе се смета за предност искуство во делот на маркетинг, комуникации, брендинг, дигитални медиуми, организирање настани или промоции);
- Наклонетост кон креативно и иновативно размислување;
- Комуникациски вештини, иницијативност, желба за работа во тим;
- Познавање aнглиски јазик и MS Office алатки;
- Способност за планирање и работа со дадени рокови и за организирање повеќе активности истовремено со цел непречено извршување на обврските;
- Висок личен интегритет, доверливост и чесност.
Придобивки за тебе:
- Пријатна и тимска работна атмосфера во современи работни услови;
- Работа на значајни проекти и на развој на еден од најпознатите домашни брендови;
- Обуки од ментори со висок степен на стручност и искуство;
- Можност за личен и професионален развој, стекнување нови вештини и компетенции;
- Доброволно приватно здравствено осигурување;
- Учество во општествено одговорни и спортски активности, корпоративни настани, користење библиотека итн.
Би бил одличен дел од тимот ако ги поседуваш потребните вештини, се препознаваш во овие вредности и имаш силна мотивација за успех.
Аплицирај на: [email protected] или на адреса: Сектор за човечки ресурси и општи работи, Комерцијална банка АД Скопје, ул.Орце Николов бр.3, 1000 Скопје, со назнака: „Oглас за вработување Соработник за маркетинг комуникации”.
Телефон за контакт: (02) 3168-467
На интервју ќе бидат повикани само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг.
Изборот ќе се изврши во рок од 45, 90 или 120 дена по истекот на рокот за пријавување, во зависност од бројот на пријавени кандидати.
Напомена: Апликацијата ќе биде третирана како строго доверлива, согласно Законот за заштита на личните податоци. Со самото доставување на твојата апликација за работа согласен си твоите лични податоци да се обработуваат во процесот на селекција на кадри во период од 1 година.