ПОВЕЌЕ

    Митески: Заедно со Владата и идниот градоначалник на Скопје, Ѓорѓиевски, ќе го направиме Аеродром уште поубаво место за живеење

    Време зa читање: 2 минути

    Дејан Митески, кандидат за градоначалник на општина Аеродром од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, се обрати од денешниот настан одржан во Аеродром. Тој истакна дека во наредните 4 години со поддршка од Владата и Град Скопје ќе се реализираат важни проекти, ќе се вложува во  безбедни училишта и градинки, паркови со зеленило, спортски сали и културни центри кои ќе го подобрат животот на граѓаните во Аеродром.

    „Во наредните 4 години, со поддршка на Владата, со поддршка на идниот градоначалник на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, ќе направиме уште повеќе, уште подобро и уште поубаво место за живеење. Ќе продолжиме со започнатите активности, а во план се и многу други”, вели Митески.

    Митески им се заблагодари на граѓаните за постигнатиот резултат во првиот круг и ги повика во вториот круг масовно да излезат на гласање и да го заокружат бројот 9, за историска победа и развој на Аеродром.

    „Ве повикувам сите масовно да се вклучиме и на 2 ноември, ВМРО-ДПМНЕ да слави уште поголема и поубедлива победа во Аеродром”, кажа Митески.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично